Анте Томиќ (Дубровник, СФРЈ 17 февруари 1987) е хрватски кошаркар. Игра на позиција центар, а моментално настапува

за Хувентут. Исто така е член и на кошаркашката репрезентација на Хрватска.

Кариера уреди

Кариерата ја започнал во 1995 година во кошаркашкиот клуб КК Шумица во кој прв тренер му бил Перо Јејина. Во 2002 година заминал во Загреб, но после кратко време оди на заем во Горица каде се задржал една сезона, па во 2004 година се вратил во Загреб. Неговите најголеми успеси се второ место на кадетското првенство на Хрватска, и прво место на јуниорското првенство на Хрватска. После враќањето во позицијата на центар, Томиќ со своите 215 сантиметри висина и одлична техника го надокнадил тој недостаток.

Се пријавил на НБА нацртот во 2008 година и одбран е како 44 избор на нацртот од страна на Јута Џез. Главниот менаџер Јуте, Кевин О'Конор изјавил дека Томиќ е „влог во иднината на клубот“ . Томиќ без оглед на нацртот останал во Европа, поточно во Загреб за да ги поправи своите недостатоци во играта.

Во сезоната 2007/08 добил награда за лауреат „Кошаркар.хр“ за најдобар кошаркар на сезоната. Сезоната на регионалната НЛБ лига 2008/09, Загреб ја заврши во долниот дел на табелата. И покрај тоа, Томиќ одиграл одлична сезона, за нешто повеќе од 30 минути на паркетот просечно постигнал 15.8 скокови. Одличните игри му донеле наслов најкорисен играч во регионалната НЛБ лига. Во сезоната 14 пати остварил дабл-дабл ефект, во девет прилики имал индекс +30 и повеќе. Во јуни 2009 година се споменувало заминување во израелскиот Макаби Тел Авив, како наследник на Никола Вујиќ во жолт дрес. Иако за неговите услуги биле заинтересирани Цибон и уште некои странски клубови, Загребското побарување за компензација од 2.000.000 евра колку барале за откуп на двегодишен договор ги одбило клубовите. Изјавил дека би сакај да оди во Цибон да игра Евролига и да напредува. Се споменувале некакви размени на играчи со кои би стигнал во Цибон, ама на крајот останал во Загреб. Последната утакмица за Загреб ја одиграл против белградската Црвена Ѕвезда.

Во јануари 2009 година преминал во шпанскиот Реал од Мадрид. Добил отказ во Реал на 26 јуни 2012 година.[1]

На 5 јули 2012 година потпишал за Барселона на 3+1 година.[2]

Наводи уреди

  1. „Real Madrid otpustio hrvatskog centra Antu Tomića“. Tportal.hr. 26 јуни 2012. Посетено на 21 март 2013.
  2. „Tomić iz Reala u - Barsu!“. Sportske.net. Архивирано од изворникот на 2012-07-12. Посетено на 21 март 2013.