Андреј Јуродивен
Андреј Јуродивен (познат и како Андреј Константинополски; грчки: Ἀνδρέας ὁ Σαλός; умрел во 936 година) ― човек кој е сметан за светец од православната црква и е почитуван како јуродивен човек.
Андреј, по потекло Словен, бил роб на Теогност, кој служел како телохранител во Константинопол.[1] Подоцна, тој решил да стане јуродивен човек, живеејќи ја својата цел со понизност и трпение.
Според одредени извори, Андреј имал видување за Пресвета Богородица во црквата „Пресв. Богородица“ во Цариград, додека градот бил опкружен со непријателски трупи (според некои извори, муслимански Арапи).[1]
Андреј и неговиот ученик Епифан посведочиле дека ја виделе Светата Дева опкружена со многу ангели и светци, како се моли и го проширува својот омофор (покров) над верниците. По оваа визија, Константинопол бил спасен кога неговите напаѓачи се повлекле. Таа визија и избегнувањето на уништувањето на Константинопол што му се припишува го поттикнало создавањето на еден од најпознатите православни празници: празникот Покров на Богородица.
Андреј починал во 936 година. Неговиот спомен го одбележуваат православните заедници на 15 октомври (стар календар на 2 октомври). Најраниот ракопис на неговата хагиографија на грчки, Животот на Андреј Јуродивен, е дело во Минхен со унцијално писмо од 10 век. Делото е преведено и на грузиски и словенски.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Orthodox Church in USA
- ↑ Kazhdan, Alexander, уред. (1991). „Andrew the Fool“. The Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford and New York: Oxford University Press. ISBN 0-19-504652-8.
Надворешни врски
уреди- Андреј Јуродивен во православието
- На грчки, од десеттиот век, житие на Свети Андреј Јуродивен (BHG 115z) со англиски превод: L. Rydén, The Life of St Andrew the Fool, кн. 1 & том. 2 (Uppsala 1995) - Отворен пристап.