Англиски валцер
Англиски валцер — попознат како побавен валцер, се вбројува во 3/4 такт[1] претставува еден од првите танци кој се учи, со негово учење ученикот добива на елеганција и добро држење во играта. Тоа е исто така првиот танц кој се игра на натпревари. Благодарение на својата отменост, честопати е танц на отворање на разни манифестации.
Опис на англискиот валцер
уредиВо денешна форма Англичани го промовирале во 1927 година. Настанал од игра направена во САД, која се викала Бостон пред 1900 година. Сега ова е една од најотмените игри со лесни, ненасилени движења. Музиката е околу 30 тактови во минута.
Англискиот валцер станал популарен во 1922 година на Првото светско првенство во Англија. Една година пред тоа, било одлучено основниот чекор да ја има формата "чекор-чекор-затворена позиција", а во 1927 година чекорот е променет во денешен "чекор-чекор во страна - затворена позиција".
Исто така, бил дефинирана и позицијата во која се игра денес. Пред тоа, парови играле на отворена позиција еден покрај друг.
Од создавањето, овој танц постојано се развива, бројот на варијации и фигури се зголемува. Англискиот валцер се одликува со комбинација на "праволиниски движења" со задржани стари "кружни ротации" со екстремни подигања на прсти.
Музиката за англискиот валцер е мека, хармонична, во себе содржи лирска нота, а првиот удар во тактот е секогаш нагласен. Во својата грациозност англискиот валцер крие болка предизвикана од погрешно избраната љубов или љубов што поминала, исчезна ... Исто така, неговиот карактер ја одразува фразата "да се биде секогаш вљубен". Од натпреварувачките парови се бара да со изразот на лицето, ритмот, фигурите раскажат една од своите приказни.
Поради ова, англискиот валцер го нарекуваат крал на танците. Сè уште се вели дека стилот со кој се игра денес англискиот валцер се нарекува и меѓународен стил на танцот. Тоа значи дека чекорите се единствени и истото се играат во целиот свет. За стандардизирација на овие чекори заслужни се Англичаните.
Основни чекори
уредиОсновните чекори во англискиот валцер се изведуваат по следниов редослед:[2]
- чекор напред со десната нога
- чекор дијагонално напред со левата нога
- чекор со десната нога до левата
- чекор назад со левата нога
- чекор назад и дијагонално десно со десната нога
- чекор со левата нога до десната
Во натпреварите, во зависност од категоријата на натпреварувачи, постојат задолжителни фигури кои мораат да се одиграат.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ BallroomDancers.com
- ↑ Марјан Карапанџевски и Лидија Белческа Карапанџевска, Физичко и здравствено образование за VIII одделение во осумгодишно образование. Скопје: Министерство за образование и наука на Република Македонија, 2010, стр. 63.