Англиска болест (лингвистика)

Англиска болест е лингвистичка појава при која влијанието од англискиот јазик станува сè поприметливо во холандскиот јазик. Терминот се користи пејоративно и изворно произлегол како зборовна шега, посочувајќи кон англиската болест од минатото, рахитис.

Зголемено влијание на англискиот јазик е исто така застапено и во другите јазици.

Холандски јазик

уреди

Влијанието на англискиот јазик на холандскиот јазик се забележува во следните примери:

  • прекумерна употреба на англиски зборови;
  • непотребна употреба на англизми;
  • непотребна употреба на разделба во двојни именки (trein reiziger (патувачи во воз) наместо поточната верзија treinreiziger; оваа појава исто така се нарекува и spatitis (спатитис, од spatie - празно место), losschrijfziekte (болест на разделено пишување) и los schrijf ziekte);
  • непотребна и повеќекратна употреба на степените на споредба со meer и meest (de meest actieve vulkaan (најмногу активниот вулкан) наместо de actiefste vulkaan (најактивниот вулкан));
  • неправилно прикажување на редоследот на зборовите, на пример de tweede grote stad (вториот најголем град) наместо de op een na grootste stad (истото но поточна форма);
  • неправилна множина (panties (пантолони) наместо точната верзија panty's);
  • употреба на лажни пријатели (duizenden troepen (илјадници трупи) наместо точната верзија duizenden manschappen);
  • употреба на англиски зборовен редослед како Schleck-broers (Шлек Браќата) наместо точната верзија broers Schleck (браќата Шлек). Ова исто така се сретнува при користење на географски термини како што е Kunar provincie (Кунар провинцијата) наместо provincie Kunar (провинцијата Кунар).[1]

Пример каде што не станува збор за англиска болест

уреди
  • Формално неправилната употреба на апострофот за прикажување на присвојност користекјќи ја формата 's не се смета за англизам (на пример Henk's boek (книгата на Хенк) наместо точната варијанта Henks boek).[2]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Anglicismen in Nederlandse vermomming“ (PDF). Onze Taal. јануари 1991.
  2. onzetaal.nl