Ангиотензин

(Пренасочено од Ангиотензин II)

Ангиотензин е пептиден хормон кој предизвикува вазоконстрикција, и последователно зголемување на крвниот притисок.

Претходник и видови на ангиотензин

уреди

Ангиотензиноген

уреди

Ангиотензиногенот е α-2-глобулин кој се произведува воглавно во црниот дроб и се ослободува во циркулацијата.

Ангиотензиногенот претставува супстрат за ренинот. Хуманиот ангиотензиноген е долг 453 аминокиселини, но кај другите видови ангиотензиногенот има различна големина. Првите 12 аминокиселини се најзначајни за неговата активност.

Asp-Arg-Val-Tyr-Ile-His-Pro-Phe-His-Leu-Val-Ile-...

Ангиотензин I

уреди
Asp-Arg-Val-Tyr-Ile-His-Pro-Phe-His-Leu | Val-Ile-...
 
Ренин–ангиотензин–алдостерон системот

Ангиотензин I се формира преку дејството на ренинот врз ангиотензиногенот. Ренинот ја раскинува пептидната врска помеѓу резидуите на леуцин (Leu) и валин (Val) на ангиотензиногенот, при што се создава ангиотензин I, пептид изграден од 10 аминокиселини.

Ангиотензинот I нема биолошка активност и претставува претходник на ангиотензинот II.

Ангиотензин II

уреди
Asp-Arg-Val-Tyr-Ile-His-Pro-Phe | His-Leu

Ангиотензинот I се претвора во ангиотензин II (AII) преку отстранување на две C-терминални резидуи, преку дејството на ензимот ангиотензинскопретворачки ензим (АКЕ), примарно во белите дробови (но исто така и во ендотелните клетки и епителните клетки во бубрезите).