Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Ана Емелија Елиса Венгберг (1865–1936) била шведска сликарка специјализирана за портрети која била членка на колонијата на уметници Онингеби на финскиот остров Аланд . Нејзините дела се во збирките на Националниот музеј за ликовни уметности во Стокхолм и музејот Хелсингборг.[1][2]

Киркогатан, Онингеби (1893)

Биографија

уреди

Родена на 24 април 1865 година во Истад, Шведска, Венгберг била ќерка на Пер Август Венгберг и Емилија Софија Карлхајм-Гиленсколд. Студирала кај Едвард Персеј во Стокхолм (околу 1884) и Бенгт Норденберг во Диселдорф, како и во Париз.[2][3] Од 1890 до 1894 година живеела во Финска.[2]

Венгберг првпат изложува во 1903 година, често сликајќи портрети со светли бои. Таа постанува активен член на колонијата на уметници Önningeby на островот Аланд каде што и постананува пријателка на Ева Аке . Нејзината слика на Онингеби од 1893 година го прикажува Аке како се шета со ЈАГ Аке, нејзиниот сопруг.[1] Таа се вратила во Онингеби дури во 1920 година како што е потврдено од една од нејзините слики.[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Anna Wengberg“ (шведски). Konstnärslexikonett Amanda. Посетено на 18 March 2017.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Wengberg, Anna“ (шведски). Svenska Konstnärer. Посетено на 18 March 2017.
  3. 3,0 3,1 „Wengberg, Anna“ (шведски). Helsingborg. Посетено на 18 March 2017.