Ана Ангелина
Ана Комнина Ангелина (околу 1176 - 1212) била царицата на Никеја, сопруга на царот Теодор I Ласкарис.
Ана Комнина Ангелина | |
---|---|
Роден(а) | 1176 |
Починал(а) | 1212 |
Благородно семејство | Ангели |
Сопружник(ци) | Исак Комнин Теодор I Ласкарис |
Татко | Алексиј III Ангел |
Мајка | Ефросина Дукина Каматерина |
Ана била ќерка на византискиот цар Алексиј III Ангел и царицата Ефросина Дукина Каматерина. Првично Ана Ангелина била омажена за севастократор Исак Комнин, внук на импераор Мануил I Комнин. Од Исак Комнин Ана имала една ќерка - Теодора Ангелина. Набрзо откако таткото на Ана станал цар, во 1195 година, севастократор Исак Комнин бил испратен да го задуши востанието на Бугарите, предводени од браќата Асен и Петар. Севастократорот сепак бил заробен од бунтовниците и починал во заробеништво.
По смртта на својот прв сопруг во раната 1200 година Ана се омажила за Теодор Ласкарис, иден цар на Никејското Царство. Свадба била двојна прослава, бидејќи во исто време се оженил Алексиј Палеолог и Ирина Ангелина, сестра на Ана.
Ана и Теодор Ласкарис имале пет деца:
- Николај Ласкарис
- Јован Ласкарис
- Ирина Ласкарина
- Марија Ласкарина
- Евдокија Ласкарина
Литература
уреди- K. Varzos, I genealogia ton Komninon (Thessalonica, 1984).
- O city of Byzantium: annals of Niketas Choniates tr. Harry J. Magoulias (Detroit: Wayne State University Press, 1984), pages 259, 274, and 280.