Анас Ал Калифа
Анас Ал Калифа (роден 1993 година) е паракануист, кој што се натпреваруваше за Параолимпискиот тим за бегалци на Летните параолимписки игри 2020 година . Роден е во Сирија,тој сега живее во Германија.
Спорт | |
---|---|
Спорт | Paracanoe |
Инвал. класа | KL1, VL2 |
Клуб | SV Halle Para Kanu |
Тренер | Ognyana Dusheva |
Успеси и титули | |
Светски првенства | 2021 |
Параолимписки игри | 2020 |
Личен живот
уредиАл Калифа бил роден во 1993 година во Хама, Сирија.[1] Тој ја напуштил замјата поради сириската граѓанска војна.[2] Тој живеел во логор за интернација две години,[3] пред да побегне во Турција во 2014 година. Подоцна патувал низ Грција,и во август 2015 година, Ал Калифа пристигнал во Германија, каде што се вработил во фирма за инсталирање сончеви плочи.[1] Живеел во Хале,Германија.[4][5]
Ал Калифа во 2018 г. го скршил грбот во несреќа на работното место и бил врзан за инвалидска количка.[6] Неговиот брат бил убиен во Сирија во 2020 година [2]
Кариера
уредиТренер на Ал Калифа била поранешната олимпијка Огњана Душева, а тренирал во SV Halle Para Kanu.[1] Почнал да тренира во 2019 година во затворен базен.[1] Во април 2021 година, тој не успеа да се квалификува за германскиот тим за паракано за одложените Летни параолимписки игри 2020 година.[6] Во мај 2021 година, се натпреварувал на настанот на Светскиот куп во паракано во Сегед, во Унгарија,[5] а подоцна во годината се натпреварувал и на Европското првенство во кану спринт 2021 година, каде што го победл своето лично најдобро време за повеќе од пет секунди.[6]
Во јуни Ал Калифа 2021 година, бил пријавен во Параолимпискиот тим за бегалци на Летните параолимписки игри 2020 година.[7] Тој се натпреварувал во дисциплините KL1 и VL2, завршувајќи ги на шестото место на двата натпревари.[2] Завршил деветти во генералниот пласман во настанот KL1 и бил петти и последен во неговото полуфинале VL2 [8] Подоцна во годината, Ал Калифа бил петти во дисциплината KL1 на Светското првенство во кану спринт на МКФ во 2021 година . На првенството се натпреварувал за Германија.[9]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Sport turns darkness into light for Syrian refugee athlete Anas Al Khalifa“. International Olympic Committee. 8 June 2021. Посетено на 17 November 2021.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „The incredible journey to Tokyo of Anas Al Khalifa“. International Canoe Federation. 2 September 2021. Посетено на 17 November 2021.
- ↑ „Refugee athletes Parfait Hakizimana and Anas Al Khalifa defy the odds in Tokyo“. International Paralympic Committee. 1 September 2021. Посетено на 17 November 2021.
- ↑ „Ich habe mein Leben zurück“. Frankfurter Allgemeine Zeitung (германски). 2 September 2021. Посетено на 17 November 2021.
- ↑ 5,0 5,1 „Der Syrer Anas Al Khalifa schaffte es über den SV Halle nach Tokio“. Der Tagesspiegel (германски). 1 September 2021. Посетено на 17 November 2021.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 „ANAS AL KHALIFA IM REFUGEE-TEAM FÜR DIE PARALYMPICS“ (германски). Deutscher Kanu-Verband . 30 June 2021. Посетено на 17 November 2021.
- ↑ „From Syria to the Paralympics: A refugee finds strength in kayaking“. Deutsche Welle. Посетено на 17 November 2021.
- ↑ „Canoe Sprint – Men's Kayak Single - VL2 200m – Semi-final 2 – Results“ (PDF). olympics.com. TOCOG. 4 September 2021. Архивирано од изворникот (PDF) на 21 September 2021. Посетено на 19 September 2021.
- ↑ „2021 ICF CANOE SPRINT & PARACANOE WORLD CHAMPIONSHIPS | KL1 Men 200m - Final A“. Spotfokus. Посетено на 18 September 2021.
Надворешни врски
уреди- Anas Al Khalifa at the International Canoe Federation
- Team Deutschland Profile Архивирано на 23 јуни 2022 г.