Анализа Буфа
Анализа Буфа (италијански: Annalisa Buffa; р. 14 февруари 1973) — италијанска математичарка, која се специјализирала за бројчена анализа и ПДЕ.
Анализа Буфа | |
---|---|
Буфа во Оберволфах во 2007 | |
Роден(а) | 1973 (воз. 50–51 г.) |
Националност | Италијанка |
Алма матер | Милански универзитет |
Занимање | Математичарка |
Образование и кариера
уредиБуфa магистрирала во областа на компјутерското инженерство во 1996 година, а докторирала во 2000 година, со менторот Франко Бреци, од Универзитетот во Милано, со тезите Некои бројчени и теоретски проблеми во компјутерскиот електромагнетизам.[1] Од 2001 до 2004 година била истражувач, од 2004 до 2013 година истражувачки директор (титула еквивалентна на професор), а од 2013 до 2016 година била директорка на Институтот за електротехника и информатика „Е. Магенес“ (ИМАТИ) на ЦНР во Павија. Од 2016 година до денес таа е професор по математика и претседава со Катедрата за бројчено моделирање и симулација на ЕПФЛ.
Таа била научен соработник во многу институции, вклучувајќи ја и лабораторијата Жак-Луи Лион на Паришкиот универзитет VI, the École Polytechnique, ЕТХ Цирих и Тексашкиот универзитет, во Остин (Институт за компјутерско инженерство и науки, ИЦЕС).
Придонеси
уредиИстражувањата на Буфа се занимаваат со широк спектар на теми во ПДЕ и бројчена анализа: „изогеометриска анализа, целосно компатибилна дискретизација на ПДЕ, линеарна и нелинеарна еластичност, контактна механика, интегрални равенки на не-мазни тополошки простори кои локално наликуваат на Евклидовиот простор во близина на секоја точка, функционална теорија за Максвелите равенките во не-мазни домени, не-конформни домеин методи на декомпозиција, асимптотски анализи, техники на стабилизација за дискретизации на конечните елементи“.[2]
Признанија
уредиБуфа ја добила наградата „Бартолоци“ во 2007 година, а во 2015 година Колац наградата „за нејзината спектакуларна употреба на длабоките и софистицирани математички концепти за добивање извонредни придонеси во развојот на компјутерските симулации во науката и индустријата“ (Лаудацио).[3] Во 2014 година била поканет говорник на Меѓународниот конгрес на математичарите во Сеул со тема диференцијални форми на Сплајн. Во 2008 година добила ЕРЦ Почетен Грант, а во 2016 година ЕРЦ Напреден Грант.
Наводи
уреди- ↑ Анализа Буфа — Проект „Математичко родословие“ (англиски)
- ↑ „home page for Annalisa Buffa at IMATI“. Архивирано од изворникот на 2019-02-06. Посетено на 2018-12-23.
- ↑ „ICIAM Collatz Prize 2015, news from IMATI“. Архивирано од изворникот на 2016-01-10. Посетено на 2018-12-23.