Анали (теленовела)
Анали (шпански: El Rostro de Analia) е американска теленовела. Во главните улоги се појавуваат Елизабет Гутиерез, Мартин Карпан, Марица Родригес и со специјално гостување на Габи Еспино. Серијата е напишана од венецуелскиот писател, Умберто “Кико” Оливиери, но исто така е и римејк на венецуелската теленовела Марија, Марија. Во САД, серијата со прикажување започна на 20 октомври.
Анали | |
---|---|
Жанр | драма теленовела |
Создадена од | Умберто “Кико” Оливиери |
Улоги | Елизабет Гутиерез Мартин Карпан Марица Родригес Габриел Порас |
Земја на потекло | САД |
Првичен јазик | шпански |
Бр. на епизоди | 177 |
Производство | |
Извршен продуцент(и) | Аурелио Варкарцел Карол |
Времетраење | 45 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Телемундо |
Првично прикажување | 20 октомври 2008 |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | telemundoeventos.com/elrostrodeanalia/ |
Кај нас серијата се емитува на Сител Телевизија.
Синопсис
уредиВо оваа интригантна приказна, за амбиција, одмазда и да се испреплетат во светот на злосторствата и да се кова завера против Маријана Андраде (Габи Еспино), млада и успешна стопанственичка која открива дека нејзиниот маж има афера со нејзината братучетка Сара (Марица Родригес). Сара е убава, амбициозна и опасна жена вплеткана во мафија со дрога, која е неспособна за ништо друго освен за убиства како би го добила тоа што го сака.
Кога Маријана ја открива страшната вистина, таа ја напушта куќата и заминува, а средба лице во лице со жената која е пратена да ја убие неа. После атентатот на својот живот и автомобилската несреќа која и го остава лицето променето засекогаш. Еден научник ја пронаоѓа Маријана кој несвесно и го реконструира лицето во крива слика, која засекогаш ќе го замени текот на нејзиниот живот. Таа не може да се сети на ништо од своето минато, и сега е со лицето на Аналија (Елизабет Гутиерез), жената која се обидела да ја убие неа. Маријана е присилена да го живее животот во темнина на нејзиниот убиец. Во тој момент таа ќе живее двоен живот за борбата помеѓу љубовта и нејзината желба за одмазда. На крајот таа ќе биде присилена да одлучи ако може да прости, како би ја пронашла среќата дури и ако таа има прифаќање да живее во сенка на Аналија.
Улоги
уредиГлумци | Ликови |
---|---|
Елизабет Гутјерез | Ана Лусија “Аналија” Монкада/Маријана Андраде де Монтиел |
Мартин Карпан | Даниел Монтиел |
Марица Родригес | Сара Андраде |
Габи Еспино | Маријана Андраде де Монтиел/Ана Лусија “Аналија” Монкада |
Габриел Порас | Рикардо Ривера |
Химена Дуке | Камила Монкада |
Зули Монтеро | Кармен Рејес де Андраде |
Алехандро Шабан | Мигел Паласиос |
Педро Морено | Кристобал Колон |
Надворешни врски
уреди- / Официјално мрежно место Архивирано на 15 јануари 2009 г.
- / МАКЕДОНСКИ ФОРУМ Архивирано на 14 август 2009 г.