Анаконди: Ловот по крвавата орхидеја
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Анаконди е продолжение на филмот Анаконда(1997) е жанр Хорор/трилер.
„Анаконди: Ловот по Kрвавата Орхидеја (Anacondas: The Hunt for the Blood Orchid)“ | |
---|---|
Филмски постер на Анаконди: Ловот по Kрвавата Орхидеја | |
Режисер | Двит Х. Литл |
Продуцент | Акобус Роус Верна Харах Сузан Раскин |
Сценарист | Ханс Бауер Џим Кеш |
Главни улоги | Џони Меснер КаДее Стрикланд Метју Марсден |
Музика | Нерида Тајсон-Чу |
Кинематографија | Стивен Ф. Виндон |
Монтажа | Маркус Д’Арси Марк Варнер |
Дистрибутер | Screen Gems |
Премиера | 2004 |
Времетраење | 97 минути |
Земја | САД |
Јазик | Англиски |
Буџет | $20–25 милиони[1][2] |
Бруто заработка | $71 милиони[2] |
Претходен | Анаконда (1997) |
Улоги
уредиГлумец/глумица | Улога |
КаДее Стрикланд | Сем Роџерс |
Џони Меснер | Бил Џонсон |
Метју Марснер | Д-р Џек Бајрон |
Николас Гонсалес | Д-р Бен Даглас |
Еугене Брд | Кол Бурис |
Карл Јуне | Тран |
Сали Ричардсон | Гаил Стерн |
Морис Честнат | Гордон Мичел |
Енди Андерсон | Џон Ливингстон |
Николас Хоуп | Кристина Ван Дик |
Питер Куртин | Адвокат |
Денис Арндт | ЦЕО |
Приказна
уредиТим на истражувачи е пратен во енда џунгла во Борнео во потрага по легендарната “крвава орхидеа“, за која тие веруваат дека би била значајна во продолжување на животот. Бил Џонсон, нивниот водич се колеба во врска со експедицијата, но Д-р Џек Бајрон го убедува да останат на реката. Тимот наскоро ќе биде разделен од својот брод и ќе мораат да се провлекуваат низ водата. Бен пробува да ги заплаши другите, но наскоро е повлечен подвода. Сите од групата мислат дека се шегува сè додека не излезе една огромна анаконда од водата и го проголтнува целиот. Останатиот дел од тимот се извлекуваат од реката.
За да го премислат Д-р Бајрон, скоро секој од тимот сака да ја откажат експедицијата, поткрепено од тоа што Бил кажува дека тоа е најголемата змија што некогаш ја видел и дека ќе и требаат неколку недели за да го свари пленот и да стане гладна повторно. Тимот решава да оди во пресрет на пријателот на Бил кој има свој брод. Нивниот план е прекинат од уште анаконди, но потоа тимот ќе пронајде едно напуштено село со убиена и раскината анаконда на влезот. Групата сваќа дека анакондите се невообичаено големи поради тоа што тие јадат од необичната орхидеа (Анакондите продолжуваат да растат сè до нивната смрт). Д-р Бајрон решава дека тие се блиску до орхидеите и дека би требало да продолжат. Останатите од тимот решаваат дека не е сигурно дека орхидеите го имаат истиот ефект на луѓето и почнуваат да градат сплав за спасување.
Во меѓувреме Гордон ги открива радиото и пиштолот на Д-р Бајрон. Д-р Бајрон го убедува да не го користи радиото поради тоа што мисли дека тоа ќе ја прекине експедицијата, но на крајот не успева да го убеди и го убива со пајак. Откако Д-р Бајрон ќе го остави телото на Гордон и ќе отиде да им се придружи на другите, Сем открива дека гордон умире и ја гледа раната на раката. Откако Сем ќе замине анаконда доползува и го проголтува Гордон. Во меѓувреме, Д-р Бајрон го краде сплавот за да ја пронајде орхидеата сам.
Откако другите ќе видат дека сплавот бил украден, и дека преостанатите материали за изработка се изгорени, тие цваќаат дека единствениот начин да го вратат сплавот е да го следат Д-р Бајрон. По патот Тран е изеден.
Откако групата ќе го најде сплавот повторно, Д-р Бајрон го наоѓа местото за парење на анакондите каде што исто така има се орхидеите. Групата ќе сака да го земе сплавот но Д-р Бајрон го насетува нивното присуство и го застрелува Бил во раката и ги натерува другите да го следат до орхидеите. Откако ќе пристигнат на местото Д-р Бајрон и наредува на Сем да ја наполни неговата торба со орхидеи, задача која за да ја изврши мора да помине преку едно стебло над местото за парење на анакондите. Откако стеблото ќе почне да пука на нејзиниот пат назад Д-р Бајрон и наредува да му ја фрли торбата нему, а Сем се заканува дека ќе ја фрли торбата доколку Д-р Бајрон не го спушти пиштолот. Откако стеблото ќе се скрши Сем се извлекува со една врвка која ќе се закачи за дел од стеблото што останува да виси. Сем се искачува со помош од другите додека Д-р Бајрон се обидува да ја земе торбата. Д-р Бајрон ќе биде гризнат од пајак и ќе падне на местотo каде што се анакондите и е изеден додека Сем се спасува.
Откако групата ќе помисли дека се спасени една осамена женка анаконда ќе го забележи нивното присуство. Сем ја залажува со нивната канта за бензин но анакондата ја прегризува и целиот бензин се истура врз главата на змијата. Бил се обидува да ја пукне ос пиштол, но сваќа дека пиштолот е празен. За среќа, Кол ја удира змијата со факел што предизвикува експлозија која ги убива сите анаконди и ги уништува сите орхидеи.
Четворицата преостанати од тимот успеваат да се вратат до сплавот.
Продукција
уредиОвој филм всушност беше снимен на Фиџи не на Борнео. Тој исто така беше првиот филм од Холивуд кој имаше премиера во Фиџи. Анаконди се во Јужна Америка, а не Борнео. Исто така, Свиркачки Мајмуни и Макао папагали се чести за Јужна Америка, но се покажуваат многупати во филмот. Такви отворени грешки може да се сметаат за заштитен знак на Анаконда серијата(и да ја продолжат групата како целина). Филмот зеде точно 31,526,393 долари на бокс офисот.
Наводи
уреди- ↑ „Box Office History for Anaconda Movies“. The Numbers. Архивирано од изворникот January 29, 2021. Посетено на 2015-05-12.
- ↑ 2,0 2,1 „Anacondas: The Hunt for the Blood Orchid“. Box Office Mojo. Архивирано од изворникот January 26, 2022. Посетено на May 31, 2015.