Американска музика за време на Втората светска војна

Американската музика за време на Втората светска војна се сметала за популарна музика во која се уживало во доцните 1930-ти до средината на 1940-тите.

Радио и пристапност

уреди

До 1940 година, 80% од американските домаќинства поседувале радио правејќи ја американската музика многу подостапна за цивилите и војниците. Иако радиото можело да се користи за зајакнување на американскиот морал, американската влада ги цензурирала радио каналите со страв дека непријателските агенти можеби испраќале кодирани пораки преку барања за песни на станиците.

Популарни песни

уреди

За разлика од многу песни од Првата светска војна, многу песни од Втората светска војна повеќе се фокусирале на романсата и силата наместо на пропагандата, моралот и патриотизмот. Песните кои биле премногу патриотски или пак милитаристички често биле одбиени од јавноста.

Популарни композитори од ерата ги вклучувале Френк Синатра, Ела Фицџералд, сестрите Ендрус и Бинг Крозби. Позначајни радио песни за времето на војната биле „Буги Вуги Бјугл Бој“, „Шу Шу Бејби“, „ „Ај ем мејкинг белив“, „Ајл би сиинг ју“ и „Ајл би хоум фор ју“.

Песните кои што ги исмевале силите на Оската исто така биле популарни. Овие песни ги вклучувале: „We'll Knock the Japs Right into the Laps of the Nazis“, „Yankee Doodle Ain't Doodlin' Now“, „You're a Sap, Mr. Jap“ и песната на Оливер Валас „Der Fuehrer's Face“, популарно снимен бил Спајк Џонс, и самиот инспирирал цртан филм на Волт Дизни од 1943 година во кој глумил измислениот лик Пајо Паторот. Забележителен тренд со песните што ги таргетирале силите на Оската беше тоа што за песните насочени кон Европа, песните се фокусирале на Хитлер и нацистите, наспроти цивилите. Од друга страна, песните кои биле насочени кон Пацификот покажале бесрамен расизам, омраза, гнев и одмазда по нападот на Перл Харбор.

Свинг музика

уреди

Свинг-музиката претставувала значаен пример за воена радиомузика. Дури и нацистичка Германија создала некои свинг музички бендови и покрај приговорите на Хитлер за „декадентната западна музика. „По крајот на Втората светска војна, оваа музика ескалирала додека паранојата од Студената војна не го направила овој вид музика ирелевантен по советската закана ја замени нацистичката закана. Лоренс Велк подоцна ќе свири ваков вид музика на шоуто Лоренс Велк. Џез-музиката, исто така, станала дел од „културната војна“ која беснеела заедно со вистинските борби во Втората светска војна. Имајќи ги своите корени во афро-американската музика, нацистичкиот режим ја прогласила за „нечовечка музика“ и ја забранил во цела окупирана Европа. Локалните музичари од Париз, Франција избрале да свират џез-музика на француски наместо на англиски како дупка во забраната на нацистичката џез-музика. Бунтовните германски деца се среќавале на тајни локации и ги слушале сојузничките музички станици за да слушнат џез-музика зад метафоричниот грб на Гестапо. Оваа генерација германски деца ја гледале џез-музиката како „религија за која вреди да се бориме.“

Литература

уреди
  • Bell, David H.; Carnelia, Craig; Terkel, Studs. The good war: a musical collage of World War II. New York: Theatrical Rights.
  • Bloomfield, Gary L. ; Shain, Stacie L. ; Davidson, Arlen C. Duty, honor, applause : America's entertainers in World War II. Guilford, Conn. : Lyon's Press, 2004. .
  • Bolden, Tonya. Take-off! : American all-girl bands during WW II. New York : Knopf, 2007.
  • Braverman, Jordan. To hasten the homecoming : how Americans fought World War II through the media. Lanham, Md. : Madison Books, 1996.
  • Ciment, James ; Russell, Thaddeus. The home front encyclopedia : United States, Britain, and Canada in World Wars I and II. Santa Barbara, Calif. : ABC-CLIO, 2007.
  • Erenberg, Lewis A.; Hirsch, Susan E. The war in American culture : society and consciousness during World War II. Chicago : University of Chicago Press, 1996.
  • Fauser, Annegret. Sounds of war : music in the United States during World War II. New York : Oxford University Press.
  • Heide, Robert ; Gilman, John. Home front America : popular culture of the World War II era. San Francisco : Chronicle Books, 1995.
  • Jones, John Bush. The songs that fought the war : popular music and the home front, 1939–1945. Waltham, Mass. : Brandeis University Press, 2006.
  • Krummel, Donald William. Resources of American music history : a directory of source materials from Colonial times to World War II. Urbana : University of Illinois Press, 1981.
  • Lee, Vera. The black and white of American popular music : from slavery to World War II. Rochester, Vt. : Schenkman Books, 2007.
  • Recorded Anthology of American Music, Inc. Praise the Lord and pass the ammunition : Songs of World Wars I & II. Recorded Anthology of American Music, 1977.
  • Root, Deane L. Voices across time : American history through music. [Pittsburgh] : Center for American Music, University of Pittsburgh, 2004. .
  • Sforza, John. Swing it! : the Andrews Sisters story. Lexington, Ky. : University Press of Kentucky, 2000.
  • Sullivan, Jill M. Bands of sisters : U.S. women's military bands during World War II. Lanham, Md. : Scarecrow Press, 2011.
  • Young, William H. ; Young, Nancy K. Music of the World War II era. Westport, Conn. : Greenwood Press, 2008.
  • Young, William ; Young, Nancy K. World War II and the postwar years in America : a historical and cultural encyclopedia. Santa Barbara, Calif. : ABC-CLIO, 2010.

Надворешни врски

уреди