Амам Саланха (Банско)

Амамот Саланха — поранешен амам кој се наоѓал во селото Банско, Општина Струмица.

Амам Саланха
Општи податоци
Видамам
Стилосманлиска архитектура
ГрадБанско, Општина Струмица
ЗемјаМакедонија
Почната17 век
Технички податоци
Подна површина25 м2

Амамот билизграден источно од Римската терма и за него не се сочувани податоци од кого е изграден. Поставен е на закосен терен и е со правоаголна основа. Јужната страна на објектот заробена од еродирана земја. Во внатрешноста на амамот е изведен базен длабок 140 см во кој се влегувало со скалички.

Купола лежи на пандантифи со мали кружни отвори кои ја обезбедувале светлоста. Врз куполата во поново време заради оштетувањата и задржување на топлината е изведен лимен покрив поставен врз челична конструкција. Во внатрешноста на амамот изведени се ниши, а мал прозор е присутен на северниот ѕид. Амамот е со димензии 5х5метри и заедно со новите прудружни простории кои се изградени во 1960 година западно од влезот и служат за соблекувална и заедно со нив зафаќа површина од околу 33 метри квадратни.

Димензиите на базенот се: 3,4х3,4 метри, а куполата е со пречник од 4 метри, додека дебелината на ѕидовите изнесува 90 см. Висината на влезот е 1,70 см а ширина 70 см. Објектот се снабдувал со термална вода од многуте врела топла и ладна во околината која била доведувана со цевки од извори западно од него.

Имајќи ги предвид конструктивните елементи во ентериерот близината на врелата кои се наоѓат во близина на амамот и големината не се исклучува можноста дека првобитно амамот бил граден како семеен во 17 век[1].

Наводи

уреди
  1. ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ – СТРУМИЦА (2014). ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ ВО СПОМЕН НА ЕМИЛИЈА ПЕТКОВСКА.