Амамџик
Амамџик или амамџика (мала бањичка, авдеслук) — домашна бања во куќите со турски стил; го имала секоја подобра куќа. Обично се наоѓала во едниот агол од собата, преграден со штици; имал врата и внатре полици. Неговиот под е плочен или бетониран; каде што нема, туку за капење се донесува загреана вода во ѓуѓуми и тестии. Валканата вода истекувала низ покриен канал, наречен водовача; исто така се користи за миење раце.[1] Во амамџиците во Нови Пазар, наместо водовача, подот имал пад за да истекува водата, а тој бил изолиран со водонепропустен малтер наречен оросан.[2] Сите куќи во гратчињата во Србија за време на првата влада на кнезот Милош Обреновиќ (1815-1839) биле од ист стил; разликата била само во големината. Во собите во кои се спиело, амамџик, мала просторија во која се капеле и миеле, бил зад шпоретот.[3] Врската помеѓу амамџикот и спалната соба ја навел и Вук Караџиќ „Има амамџик во секоја турска соба (каде што луѓето спијат со жените) зад шпоретите“.[4]
Потекло на зборот
уредиАмамџик е деминутив од зборот амам (турски: hamam, арапски: حمّام). Во турскиот, деминутивот се гради со додавање на наставките - cık, -cuk, -cük, -çık, -çuk, -çük капија - капиџик, дувар, дуварџик, каан - казанџик (казанче))
Примери
уредиЧемерикиќ [1] наведува:
- Однесете ја водата до амамџик.(српски:Однеси воду у амамџик.)
- Во амамџик се зарнала водовача.(српски:У амамџик се заптисала водовача.)
- Турските амамџици се поголеми од нашите.(српски:Турске амамџице су по големе зе наше.)
Местото на амамџикот во спалната соба
уредиАмамџикот секогаш бил по должината на внатрешниот ѕид, спроти прозорците. Со едниот свој ѕид, се потпирал на земјената печка, а со спротивната страна од печката, била и полицата за садови, тестиите со вода, ѓуѓумите и крчазите. Печката задолжително се ложела од соседната просторија за да се зачувала интимноста во спалната соба.[2]
Амамџикот во конакот на кнегињата Љубица
уредиКога бил изграден конакот, амамџикот бил изграден само до собата на кнегињата. Имал мал прозорец за вентилација на фасадниот ѕид и насликана ѕидна декорација. Мотивот на цвеќе во вазна бил чест на дворовите во Цариград, од каде како пример се ширел низ Отоманското царство. Насликана ѕидна декорација постоела и во другите простории на Конакот, но сочувана е само во амамџикот. За време на подигнувањето на амамот прозорецот бил заѕидан.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Димитрије Чемерикић, “амамџик,” препис.орг, посетено на 18.08.2019., http://www.prepis.org/items/show/47177.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Јован Крунић (1979): Нови Пазар о урбаној структури и архитектури старе куће. Зборник радова етнографског института Књ. 9: 273-320
- ↑ Тих. Р. Ђорђевић (1921): Вароши у Србији за време прве владе кнеза Милоша Обреновића (1815-1839). Гласник географског друштва. Том 5: 116-138
- ↑ Вук Стефановић Караџић (1818): Српски рjечник, истолкован њемачким и латинским риjечма. Беч