Аластер Ијан „Ал“ Стјуарт (англиски: Alastair Ian "Al" Stewart; роден 5 септември 1945) — шкотски[1] пејач, композитор и фолк рок-музичар кој се стекнал со слава за време на Британската фолк преродба во 1960-те и 1970-те. Тој развил уникатен стил со тоа што компонирал рок фолк песни во кои се пеело за настани и личности од историјата.[2]

Ал Стјуарт
Al Stewart
Стјуарт на настап во Санта Моника, Калифорнија, 13 февруари 2010
Животописни податоци
Родено имеАластер Ијан Стјуарт (англиски: Alastair Ian Stewart)
Роден(а)5 септември 1945(1945-09-05)(79 г.)
Глазгов, Шкотска
ПотеклоВимборн, Англија
Жанровирок, поп, фолк рок, психоделичен рок, софт рок
Занимањамузичар, композитор
ИнструментиГитара, бас гитара, пијано, тапани, хармоника
Период на активност1966–денес
ИздавачиCBS, RCA, EMI
Мреж. местоalstewart.com

Стјуарт издал шеснаесет студиски и три албуми во живо по издавањето на неговиот дебитантски албум Bedsitter Images во 1967 година, и продолжил да настапува во САД, Канада, Европа и Обединетото Кралство.

Стјуарт работел заедно со Питер Вајт, Алан Парсонс, Џими Пејџ, Ричард Томсон, Рик Вејкман, Френсис Монкмен, Тори Амос и Тим Ренвик, а негова последна соработка е забележана со Дејв Накманоф и поранешниот гитарист од групата Wings, Лоренс Џјубер.

Надворешни врски

уреди
  1. „Al Stewart Bio | Al Stewart Career | MTV“. Vh1.com. Архивирано од изворникот на 2008-04-04. Посетено на 6 April 2013.
  2. Brocken, Michael (2003). The British Folk Revival, 1944–2002. Ashgate Publishing, Ltd. стр. 110. ISBN 978-0-7546-3282-5. OCLC 51389150.