Алфред Херман Фрид
Алфред Херман Фрид (германски изговор: [ˈʔalfʁeːt ˈhɛʁman ˈfʁiːt]; 11 ноември 1864 – 4 мај 1921 година) ― австриски еврејски пацифист, публицист, новинар, соосновач на германското мировно движење и добитник (со Тобијас Асер) на Нобеловата награда за мир во 1911 година. Фрид исто така бил приврзаник на јазикот есперанто. Тој е автор на учебник за есперанто и есперанто-германски и германско-есперанто речник, првпат објавен во 1903 година и повторно објавен во 1905 година.[1]
Алфред Херман Фрид | |
---|---|
Роден/а | 11 ноември 1864 Виена, Австриска Империја |
Починат/а | 5 мај 1921 Виена, Прва Австриска Република | (возр. 56)
Живот
уредиРоден во Виена, Австрија, во еврејско семејство, Фрид го напуштил училиштето на 15-годишна возраст и почнал да работи во книжарница. Во 1883 година се преселил во Берлин, каде што отворил своја книжарница во 1887 година. По објавувањето на делото „Положете го оружјето!“ (Die Waffen nieder!) на Берта на фон Зутнер во 1889 година, тој и фон Зутнер започнале во 1892 година да печатат списание со истото име. Во написите објавени во „Положете го оружјето!“ и неговиот наследник, „Мировниот часовник“ (Die Friedenswarte), тој ја прикажувал својата пацифистичка филозофија.
Во 1892 година тој бил соосновач на Германското мировно друштво (Deutsche Friedensgesellschaft). Тој бил еден од татковците на идејата за современа организација за да се обезбеди мир во светот (главната идеја била развиена во Друштвото на народите и по Втората светска војна во ОН).
Фрид бил истакнат член на есперантското движење. Во 1903 година ја објавил книгата „Учебник за меѓународниот јазик есперанто“ (Lehrbuch der internationalen Hilfssprache Esperanto).[1]
Во 1909 година соработувал со Пол Отлет и Анри Лафонтен од Средишната канцеларија на меѓународните здруженија во подготовката на „Годишник на меѓународниот живот“ (Annuaire de la Vie Internationale).[2]
Во 1911 година ја добил Нобеловата награда за мир заедно со Тобијас Асер.
За време на Првата светска војна, Фрид се преселил во неутралната Швајцарија и продолжил да се залага за меѓународен мир. Починал во родниот град Виена во 1921 година,[3] Неговата пепел е закопана во крематориумот Зимеринг.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Added, Roland (28 април 2011). „Lehrbuch Fried 1903 / lernolibro de la nobelpremiito Alfred Hermann Fried“. Ipernity.com. Посетено на 21 декември 2021.
- ↑ Rayward, W. Boyd (1993). World Encyclopedia of Library and Information Services (англиски). American Library Association. ISBN 9780838906095. Посетено на 21 декември 2021.
- ↑ Fritz Henriksson (1938). The Nobel prizes and their founder, Alfred Nobel. Printed by A. Bonniers boktryckeri. стр. 28.
- ↑ „Alfred Fried“.
Дополнителна книжевност
уреди- Роџер Чикеринг: Imperial Germany and A World Without War : The Peace Movement and German Society, 1892–1914 (Имперaторска Германија и свет без војна: Движењето за мир и германското општество, 1892–1914 година). Princeton University Press, Принстон 1975 година,ISBN 0-691-10036-5 .
- Валтер Геринг: Verdrängt und Vergessen – Friedensnobelpreisträger - Alfred Hermann Fried (Соборени и заборавени - лауреати на Нобеловата награда за мир - Алфред Херман Фрид) Kremayr & Scheriau, Виена 2006 година,ISBN 978-3-218-00768-9
- Бернхард Куфер: Lexikon der Nobelpreisträger (Лексикон на добитниците на Нобеловата награда) Патмос, Диселдорф 2001 година,ISBN 3-491-72451-1
- Петра Шенеман-Беренс: Organisiert die Welt (Организирај го светот). Leben und Werk des Friedensnobelpreisträgers Алфред Херман Фрид (1864–1921). Дисертација, Universität Bremen 2004 година.
- Бернхард Тајдер: Alfred Hermann Fried. Pazifist im Ersten Weltkrieg – Illusion und Vision (Алфред Херман Фрид. Пацифист во Првата светска војна - илузија и визија). VDM, Зарбрикен 2010 година, ISBN 978-3-639-25061-9
Надворешни врски
уреди- За Алфред Херман Фрид
- Алфред Херман Фрид (11 ноември 1864 година - 5 мај 1921 година) (25 октомври 2009)
- Алфред Херман Фрид на nobelprize.org