Алтан

појаснителна страница

Алтан — турска златна монета, најпрвин кована во Истанбул, во времето на Мехмед II Освојувачот (1478 г.). Во Македонија се ковала во Сер, во време на султанот Бајазит II во 1481 г. [1]

По освојувањето на Египет и султанот Селим I Јавуз ковал златна монета (1517г.), позната под името ешреф. Подоцна златници ковале и други турски султани, во различни ковници низ царството. За време на владеењето на Сулејман Законодавецот и на Селим II, се ковале златници во Кратово. Паралелно со турските, во оптек биле и туѓи златници, особено венецијанските.

Наводи

уреди
  1. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 24. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)