Алипашино Поље (Alipašino Polje, буквално: Полето на Али Паша) е градска населба во Сараево, престолнината на Босна и Херцеговина. Административно е дел од Општина Нови Град. Таа е поделена на Фаза А, Б и Ц, именувани по редоследот како што се градени.

Алипашино Поље
Alipašino Polje
Градска населба
Алипашино Поље дента
Алипашино Поље дента
Етимологија: Полето на Али Паша
Земја Босна и Херцеговина
ОпштинаНови Град
Кантон Сараево
Население
 • Вкупнооколу 60,000

Изградбата на Алипашино Поље се одвивала во периодот од 1974 до 1979 година, водејќи се по план од 1964 година. Во населбата луѓето главно живеат во згради. Најниските згради имаат по 4, а највисоките по 18 спратови. За време на Војната во Босна и Херцеговина многу од фасадите и становите на зградите во населбата биле разрушени.

Се претпоставува дека во населбата живеат околу 60.000 жители и тоа ја прави една од најнаселените населби во Сараево.