Алина Панова (полно име Алина Панова-Марасович, родена Алина Ваксман во Киев, Украина ) е украинско-американски филмски и сценски костимограф и продуцент.[1]

Биографија

уреди

Панова е родена во Киев, Украина, во 1961 година. Студирала уметност во Државното уметничко училиште Шевченко во Киев и Купер Јунион во Њујорк, откако нејзиното семејство емигрирало во САД во 1979 година.

Кариера

уреди

Во 2006 година, Панова го продуцирала својот прв долгометражен филм „ ПОРТОКАЛОВА ЉУБОВ“ (во режија на Алан Бадоев и со Алексеј Чадов и Олга Макеева во главните улоги). Филмот бил премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал.

Семејство

уреди

Панова е во брак со хрватскиот композитор Жељко Марасович. Тие живеат во Лос Анџелес, Калифорнија.

Филмографија

уреди
  • Време на невиност (The Age of Innocence) (1993)
  • Семејни вредности на Адамс (Addams Family Values) (1993)
  • Белешки од подземјето (Notes From Underground) (1995)
  • Данстон се пријавува (Dunston Checks In) (1996)
  • Голиот човек (The Naked Man)(1998)
  • Модринка (Bruiser)(2000)
  • Сексуален живот (Sexual Life) (2005)
  • Да бидат мирни (Standing Still )(2005)
  • Портокалова љубов( Orangelove )(2007)

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
  1. „Alina Panova“. BFI.