Александра Булат (2 мај 1962 – 5 октомври 2007) е француска фотографка родена во Париз.[1] Во 2001 година, таа е ко-основач на VII Фото агенција. Нејзината работа се појавила во многу списанија, меѓу кои Time, Newsweek, Paris Match и National Geographic Magazine[2] и добила бројни меѓународни награди.[1]

Живот и работа

уреди

Таа била обучена за графичка уметност и историја на уметност во École des Beaux-Arts во Париз.

Пред да биде ко-основач на VII Фото агенција во 2001 година, таа била застапувана од Сипа Прес и од агенцијата на нејзината мајка, Космос.

Од 2006 година таа се концентрирала првенствено на конфликтот во Газа.

Во јуни 2007 година, таа претрпела пукната мозочна аневризма,[3] и поминала три недели во болница во Израел во медицински индуцирана кома. Таа била преместена во Франција, каде останала во кома.[4] Илјадници колеги и обожаватели и изразиле поддршка. Булат починала во сон во Париз на 5 октомври 2007 година.[5]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Obituary: Alexandra Boulat“. The Guardian. Guardian News and Media Ltd. Посетено на 23 July 2017.
  2. Martin, Douglas. „Alexandra Boulat, War Photographer, Is Dead at 45“. The New York Times. Посетено на 23 July 2017.
  3. Alexandra Boulat suffers brain aneurysm
  4. Boulat remains in coma in Paris Архивирано на 25 август 2007 г.
  5. French photojournalist Alexandra Boulat, known for her work in war zones, dies at 45 Архивирано на 18 октомври 2007 г.

Надворешни врски

уреди