Алеко Константинов
Алеко Константинов (бугарски: Алеко Константинов) (1 јануари 1863 – 11 мај 1897) (NS: 13 јануари 1863 – 23 мај 1897) бил бугарски писател, познат по неговото дело Бај Гањо, еден од најпознатите ликови во бугарската белетристика.
Алеко Константинов | |
---|---|
Роден/а | 1 јануари 1863O.S. Свиштов, Османлиска империја, денес Бугарија |
Починат/а | 11 мај 1897O.S. близу Радилово, Бугарија | (возр. 34)
Почивалиште | Централни софиски гробишта 42°42′47.3″N 023°20′02.5″E / 42.713139° СГШ; 23.334028° ИГД |
Занимање | писател |
Значајни дела | До Чикаго и назад, Бај Гањо |
Биографија
уредиРоден во семејство на богат трговец во градот Свиштов на реката Дунав. Студирал на Правниот факултет на Универзитетот во Одеса, а завршил во 1885. Работел како правник во Софија пред да започне кариера како писател. Неговиот прв роман, организиран како збирка раскази, Бај Гањо, го опишува патувањето на еден трговец на ружино масло и килими низ Западна Европа. Иако безобразен и несмасен, Бај Гањо, се покажува како генијален и некои учени го сметаат за огледало на Бугарија која се модернизира. Се верува дека овој лик е инспириран од трговецот од Карлово, Гањо Сомов.
Константинов, космополитски патник, бил првиот бугарин кој пишувал за неговите посети на Западна Европа и Америка. Тој ги посетил Светските изложби во Париз во 1889, Прага во 1891 и Чикаго во 1893 - при што ги посетил и Нијагарините водопади - што му обезбедил на бугарскиот читател, кој неодамна добил независност од 500 годишното Османлиско ропство, портрет на развиениот свет.