Акцијата Стадион
„Акцијата Стадион“ (хрватски: Akcija Stadion) — југословенски филм од 1977 година, во режија на Душан Вукотиќ, кој е автор и на сценариото заедно со Славко Голдштајн. Главните улоги ги толкуваат: Игор Гало, Фрањо Мајетиќ, Звонимир Чрнко, Божидар Алиќ, Јадранка Стилин, Звонимир Лепетиќ, Дарко Сриќа, Наташа Хржиќ, Златко Мадуниќ, Борис Краљ и Душан Јаниќијевиќ. Филмот освоил неколку награди, и тоа: Големата сребрена арена и Златната арена за сценарио на Пулскиот филмски фестивал; Златната роза Лидица на Филмскиот фестивал во Карлови Вари; и специјална диплома на Звонимир Лепетиќ на фестивалот во Ниш.[1]
Синопсис
уредиВо 1941 година, за стадионот Максимир во Загреб, усташите организираат голем собир на средношколците со намера да ги издвојат Србите и Евреите. Меѓутоа, младите комунистички илегалци го саботираат планот...
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |