Акцент на туѓите зборови во македонскиот јазик
Акцентирањето на туѓите зборови навлезени во македонскиот стандарден јазик е различно. Некои од нив се приспособиле и го прифатиле македонскиот акцентски систем, но поголемиот дел го задржале својот изворен акцент.
Туѓи зборови со приспособен акцент
уредиСе разликуваат два различни случаи на туѓи зборови со приспособен акцент:
- Зборови со акцент на вториот слог од крајот на зборот, и
- Зборови со акцент на третиот слог од крајот на зборот.
Примери:
- Некои двосложни именки со акцент на вториот слог од крајот на зборот: м'аршал, с'имбол, в'ирман, ɡ'екан, б'илтен, 'орɡен, сф'ерен, т'ерен, к'омфор, в'ектор, л'ектор, р'ектор, с'ектор, тр'актор, тр'езор, ф'актор, г'уру, к'иви, к'ино, к'орзо, п'алто, т'орзо, 'албум, 'аспект, б'ензин, б'ојкот, к'армин, к'онфликт, м'омент, 'објект, п'аркет, п'арфем, п'илот, пл'оштаɡ, пр'оцент, р'еспект, р'ефлекс, с'убјект, тр'иумф, тр'офеј, т'урнир.
- Некои трисложни и повеќесложни именки со акцент на третиот слог од крајот на зборот: м'аскенбал, 'апостол, м'онопол, пр'аматар, бот'аничар, матем'атичар, ф'изичар, м'инистер, ɡ'иректор, м'онитор, пр'офесор, с'емафор, к'арактер, ɡ'ијалог, 'епилог, м'онолог, 'епископ, м'икроскоп, п'ерископ, ст'етоскоп, т'елескоп, 'аптека, м'инимум, м'аксимум, к'алциум, магн'езиум, н'атриум, конт'инуум, 'аɡреса, 'антимон, ɡ'ефицит, к'амбана, метр'опола, с'интакса, с'уфицит.
- Некои трисложни и повеќесложни придавки со акцент на третиот слог од крајот на зборот: 'активен, м'онтажен, н'ервозен, п'асивен, пр'ецизен, л'егален, л'окален, н'ормален, ф'ормален, ц'ентрален, л'абилен, м'обилен, с'енилен, ст'абилен, ст'ерилен, с'уптилен, ст'омачен, ɡин'амичен, ɡрам'атичен, ɡр'астичен, ел'ектричен, ир'оничен, кл'асичен, по'етичен, пр'актичен, хр'оничен, 'анкетен, ɡ'иректен, к'онфликтен, 'ажурен, 'азурен, ɡ'ежурен, к'ултурен, стр'уктурен.
Туѓи зборови со неприспособен акцент
уреди- Акцентот кај туѓите зборови може да биде на последниот слог: бирó, жири́ итн.;
- Може да биде на вториот слог од крајот на зборот: литератýра, реклáма, национáлен;
- Може да биде на третиот слог од крајот на зборот, согласно нашиот акцентски систем.
Именките од туѓо потекло кои завршуваат на -е, -и, -о и -у, најчесто се со акцент на првиот слог од крајот на зборот (ателје́, жири́, биро́, интервју́), но има и исклучоци коишто го прифатиле македонскиот акцентски систем (ки́но, па́лто). Со акцент на првиот слог од крајот на зборот се и туѓи зборови коишто завршуваат на согласка (комента́р, жето́н, есеи́ст).
Со акцент на вториот слог од крајот на зборот се туѓи именки што завршуваат на: -ура (култу́ра, литерату́ра); -ивец (негати́вец, рекреати́вец); -алец (гимназија́лец, кримина́лец); -изам (оптими́зам, органи́зам); -азам (ентузија́зам, сарка́зам) и ред други. Тука спаѓаат и придавките од туѓо потекло кои завршуваат на: -ален, -јален, -ивен, -иран, -озен, -антен, -ентен итн. (национа́лен, генија́лен, конзервати́вен, оркестри́ран, грандио́зен, домина́нтен, конкуре́нтен), како и глаголите што завршуваат на -ира, -изира (протести́ра, реализи́ра).
Со акцент на третиот слог од крајот на зборот, најчесто се повеќесложни туѓи зборови коишто завршуваат на: -ија, -ика, -иум, -ичар, -лог итн. (биоло́гија, социоло́гија, лингви́стика, гимна́стика, магне́зиум, крите́риум, матема́тичар, хе́мичар, ди́јалог, е́пилог).