Акватичко потекло на човекот

Хипотезата за акватичкото потекло на човекот, понекогаш наречена и акватичка теорија, е теорија за еволуцијата на човекот, која вели дека телото на хоминидите е резултат на период кој тие го минале живеејќи во вода. Теоријата потекнува од Стара Грција, но првпат е публикувана со научни објаснувања во 1942 година. Акватичката теорија за потеклото на човекот е дискутирана од страна на етнологот Дезмонд Морис во неговата книга од 1960 година Гол човек.

Неандерталечен череп (десно) во споредба со современо човечко

Хипотези

уреди

Според оваа теорија:

  • Малку копнени цицачи можат да се мерат со човекот во пливање под вода, а и тие пливаат „кучешки“, за разлика од елегантното пливање на луѓето.[1]
  • Човечкото бебе е способно да плива веќе после неколку недели живот, а при тоа е способнo да го прилагоди дишењето под вода.
  • Кожата без влакна е карактеристична само за цицачите пливачи (делфини, китови) и за полуводените видови (нилски коњ, на пример).[2]
  • Правецот во кој растат влакната кај човекот се разликуваат од оние кај човеколиките мајмуни. Влакната кај човекот растат „низводно“, т.е. даваат најмал отпор на водената струја.[3]
  • Голото човечко тело има форма на добро конструиран чамец.
  • Од сите цицачи само човекот има сало под кожата, што е типично за водените цицачи, но не и за копнените.[4][5]
  • Човекот е суштество што зборува, а тоа се смета за „пренагласено дишење“, а да нуркате, значи да владеете со дишењето.[3][6]
  • Човекот има мембрана меѓу прстите од нозете, како и меѓу показалецот и палецот на рацете, што се остатоци од пераи.
  • За разлика од другите мајмуни, носот на човекот е под агол од 90 степени свртен надолу, идеално за нуркање.[3]
  • Човекот плаче, исто како морските цицачи, кои преку солзите се ослободуваат од вишокот сол.

Наводи

уреди
  1. Kingdon, Jonathan (2003). Lowly origin: where, when, and why our ancestors first stood up. Princeton, N.J: Princeton University Press. стр. 242. ISBN 0-691-05086-4.
  2. Morgan, Elaine (1982). The Aquatic Ape. Stein & Day Pub. ISBN 0-285-62509-8.
  3. 3,0 3,1 3,2 Morgan, Elaine (1997). The Aquatic Ape Hypothesis. Souvenir Press. ISBN 0-285-63518-2.
  4. Hardy, A. (1960). „Was man more aquatic in the past“. New Scientist. 7: 642–645.
  5. Pawlowski, Boguslaw (1998). „Why are human newborns so big and fat?“. Human Evolution. 13: N1.
  6. Crelin, Edmund S (1987). The Human Vocal Tract: Anatomy, Function, Development, and Evolution. New York: Vantage Press. ISBN 0 533 06967 X.