Мостови (загатка)

вид загатка
(Пренасочено од Аи-ки-аи)

Мостови, позната и како хашиокакеро (јапонски: 橋をかけろ; во превод „градење мостови“) — вид логичка загатка измислена од страна на Николи.[1] Загатката е поставена на четириаголна мрежа (која не секогаш е нацртана) со стандардизирана големина, така што некои полиња се означени со заокружение броеви од 1 до 8 наречени „острови“, додека другите се оставени празни. Целта е да се поврзат сите острови со исцртување на линии наречени „мостови“ меѓу островите.

нерешена загатка
решена загатка
Почетен изглед на загатката (лево) со нејзиното решение (десно). Бројот на мостови кој ги поврзува островите мора да биде еднаков на бројот кој е зададен за секој остров..

Називи

уреди

Во весникот Тајмс, загатката се појавила под називот „хаши“. Во Франција, Данска, Холандија и Белгија е обајвена со името „аи-ки-аи“.

Историја

уреди

Загатката за првпат се појавила во 31. издание на списанието на издавачката куќа Николи од септември 1990 година, иако загатката претходно се појавила во изменет облик во 28. издание на списанието од декември 1989 година.

Правила

уреди

Целта на играта е да се поврзат сите острови со мостови, така што при исцртувањето на мостовите ќе бидат задоволени следниве услови:[2]

  • мостовите претставуваат прави линии, и започнуваат и завршуваат ма различни острови;
  • мостовите не смеат да сечат други мостови или острови;
  • мостовите може да бидат исцратени само под прав агол;
  • најмногу два моста може да поврзат два острова;
  • бројот на мостови до секој остров мора да е еднаков на зададениот број за тој остров; и
  • мостовите мора да ги поврзуваат островите во единствена поврзана група.

Наводи

уреди
  1. Puzzle Cyclopedia, Nikoli, 2004. ISBN 4-89072-406-0.
  2. Wanko, Jeffrey J. (2010), „Deductive Puzzling“ (PDF), Mathematics Teaching in the Middle School, 15 (9): 524–529, Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-01-22, Посетено на 2019-11-17.

Надворешни врски

уреди