Аеродром Кил
Аеродром Кил (германски: Flughafen Kiel, IATA: KEL, ICAO: EDHK) — мал регионален аеродром во Кил, Германија. Се наоѓа во градскиот округ Холтенау, 8,3 километри северно од центарот на Кил. Запишан е како јавно слетувалиште (германски: Verkehrslandeplatz). Во 2006 година опслужил 30.528 патници.
Аеродром Кил Flughafen Kiel | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Општо | |||||||||||
Тип | јавен | ||||||||||
Сопственик | Покраина Шлезвиг-Холштајн (55%) Град Кил (45%) | ||||||||||
Опслужуван град | Кил, Германија | ||||||||||
Надморска височина | 101 ft / 31 m | ||||||||||
Мрежно место | airport-kiel.de | ||||||||||
Карта | |||||||||||
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |||||||||||
Писти | |||||||||||
| |||||||||||
Историја
уредиАеродромот бил изграден во 1914 година на рамна област од материјал ископан во текот на изградбата на Килскиот Канал. Во 1927 година била основана Килската аеродромска компанија, која управува со аеродромот. Во тоа време имало 27 национални и меѓународни одредишта. Во 1937 година, аеродромот бил одреден како воен. Меѓутоа, продолжил да се користи и за цивилни летови.
Приодите кон пистата биле продолжени во 1963 година, додека првиот терминал бил изграден во 1965 година. Овој терминал бил користен за летови до Западен Берлин.
Во 1987 година бил изграден денешниот терминал. Истовремено, Луфтханза започнала да нуди летови до Франкфурт и подоцна до Келн/Бон, Минхен, Копенхаген, Калининград и Рига.
Во 1995 година, аеродромот повторно станал цивилен аеродром, а во 1997 година била изградена нова контролна кула. Меѓутоа продолжил да се користи за воени цели.
Нов хангар бил изграден во 2000 година. Во истата година биле разгледувани идните изгледи на аеродромот. Засновано на анализата биле одобрени планови на покраинската администрација на Шлезвиг-Холштајн во март 2002 година, кои вклучувале продолжување на пистата од 1300 метри на 2100 метри. Ова овозможило да слетуваат млазни авиони во Кил. Сојузниот автопат Б503 ја пресекувала продолжената писта преку тунел.
Меѓутоа, употребата на аеродромот опаднала во наредните години сè повеќе, како што биле откажувани летовите. Кога и последната линија била прекината на 23 декември 2005 година, оперативноста на аеродромот била суспендирана до 3 април 2006 година, а на 24 јануари 2006 година, покраинскиот секретар за трговија објавил дека прекинале плановите за продолжување.
Cirrus Airlines имал летови до Минхен од 2 мај 2006 година користејќи еден авион DHC-8-100, кој бил сместен на аеродромот. Покраината Шлезвиг-Холштајн понудила субвенции за три години. Меѓутоа, бројот на патници бил значително помал од очекуваниот, поради што услугата била прекината во октомври 2006 година.
Авиопревозници и одредишта
уредиНе постојат летови до и од Аеродромот Кил.
Цивилни летови
уредиВоздухопловното друштво Кил (Luftsportverein Kiel), чартер-компанијата FLM Aviation и хеликоптерска служба се наоѓаат на Аеродромот Кил. Исто така, на аеродромот се одржуваат Меѓународни воздухопловни денови секоја година со акробации, скокови од падобран и изложба на историски авиони.
Воени летови
уредиАеродромот се користел за воени цели од почетокот. Од 1958 година е седиште на воздухопловството на Германската морнарица. Моментално на аеродромот се наоѓа воздухопловниот винг 5 (германски: Marinefliegergeschwader 5 (MFG 5)) во Кил, кој служи за спасувачки операции. Новите планирани хеликоптери се планираат да биде дел од воздухопловниот винг 3 во Нордхолц и со тоа да се распушти воената база во Кил.
Инциденти и несреќи
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Flughafenbenutzungsordnung (FBO)“ (PDF) (германски). септември 2008. Посетено на 5 јануари 2009.[мртва врска]
- ↑ EAD Basic
- ↑ Bundesstelle für Flugunfalluntersuchung. „Bulletin Februar 2006“ (PDF) (германски). стр. 1, 6 (Az. AX001-0/06). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-05-21. Посетено на 2014-10-28.
Надворешни врски
уреди„Аеродром Кил“ на Ризницата ? |
- Официјална страница
- Историја на Аеродромот Кил-Холтенау
- Моментална состојба на времето за EDHK на NWS
- Историја на несреќи за KEL на Aviation Safety Network