Адријанова библиотека

Адријановата библиотекабиблиотека создадена од римскиот император Адријан во 132 година н.е. на северната страна на Атинскиот акропол.[1][2]

Адријанова библиотека
Βιβλιοθήκη του Αδριανού
West wall of the Library of Hadrian
Западниот ѕид на Адријановата библиотека
МестоГрција
ОбластАтина
Координати37°58′32″N 23°43′34″E / 37.9755555556° СГШ; 23.7261111111° ИГД / 37.9755555556; 23.7261111111
ВидБиблиотека
Историја
МатеријалМермер
Изграденo132
РаздобјеАнтика
КултуриСтара Грција, Стар Рим
КорисникАдријан
Белешки за наоѓалиштето
СопственикЈавна сопственост
РаководствоМинистерство за култура и туризам
Јавен пристап Станица Монастираки

Зградата следи типичен архитектонски стил на римски форум, со само еден влез со пропилон од коринтски ред, висок околени ѕид со испакнати ниши (ојки, екседрае) на својата долга страни, со внатрешен двор опкружен со столбови и украсен триаголен базен во средината.[3] Библиотеката била на источната страна каде биле чувани свитоци од „книги“ од папирус. Соседните сали биле користени како читални, а аглите служеле како сали за предавања.

Библиотеката била сериозно оштетена од херулската инвазија во 267 година и поправена од префектот Херкулиј во 407–412 година н.е.[4] Во средновековното римскпо време, на местото биле изградени три цркви, чии остатоци се зачувани:

  • тетраконх (5 век н.е.)
  • трикорабна базилика (VII век) и
  • едноставна катедрала (12 век), која била првата катедрала во градот, позната како „Голема Девица“. .

Приближно во истиот период со катедралата, на северната фасада била изградена друга црква, Свето Асомат Скалиски, но таа не е зачувана.

Наводи

уреди
  1. Choremi-Spetsieri, A. The Library of Hadrian at Athens: Recent Finds. Ostraka 4. стр. 137–147.
  2. „The Library of Hadrian“. The Stoa Consortium. Архивирано од изворникот на 2017-12-25. Посетено на 4 декември 2021.
  3. „Library of Hadrian Description“. PlanetWare. Посетено на 4 декември 2021.
  4. „Hadrian's Library“. Athens City Guide. Посетено на 4 декември 2021.

Надворешни врски

уреди