Административна поделба на Саун Томе и Принсип

Административната поделба на Саун Томе и Принсип ја опфаќа првостепената и второстепената административна поделба на државата. Како првостепена административна поделба се јавуваат покраините, додека како второстепени се окрузите.

Карта на Саун Томе и Принсип.
Карта на окрузите во Саун Томе и Принсип.

Покраини

уреди

Саун Томе и Принсип се поделени на две покраини:

  • Саун Томе - најголема покраина и главен град е Саун Томе. Најголем дел од населението на државата живее во оваа покраина. Покраината ги опфаќа островот Саун Томе и околните помали острови.
  • Принсип - најмала покраина и главен град е градот Санто Антонио. Покраината го опфаќа островот Принсип со околните помали островчиња.

Окрузи

уреди

Државата е поделена на седум окрузи, од кои шест се во покраината Саун Томе, а една е во Принсип.

Поврзано

уреди