Покраини во Саун Томе и Принсип
Покраините на Саун Томе и Принсип се првостепената административна поделба на државата. Саун Томе и Принсип се поделени на две покраини.
Покраини
уредиСаун Томе и Принсип има само две покраини, и тоа:
- Саун Томе - главен град на оваа покраина е Саун Томе. Покраината го зафаќа островот Саун Томе и истата е дом на најголем дел од населението на државата. Проценките за 2004 година кажуваат дека во покраината живеат 133.600 жители од вкупните 139.000 жители во државата.
- Принсип - главен град Санто Антонио. Покраината го зафаќа островот Принсип со околните помали острови. Покраината има 142 км2 и проценето население од околу 5.400 жители.
Покраините се поделени на окрузи, од кои шест се во Саун Томе, а една во Принсип.
Поврзано
уредиОваа статија поврзана со Саун Томе и Принсип е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |