Села во Ниуе
список на статии на Викимедија
(Пренасочено од Административна поделба на Ниуе)
Ниуе административно се дели на 14 села (општини). Главниот град Алофи се состои од две села-општини - Алофи Север и Алофи Југ. Секое село има свој селски совет на чие чело стои претседател. Селата играат улога и на изборни подрачја. Секое село има по еден пратеник во Собранието на Ниуе.[1]
Во табелата селата се прикажани со бројот на жители и нивната површина. Во некои селски општини влегуваат и помали селца.
Селата Алофи Север и Алофи Југ заедно го образуваат главниот град Алофи (нас. 614). На табелата селата се наведени по редослед од лево кон десно.
Бр. | Село | Население (Попис 2001) |
Површина[2] км² |
Густина (км−2) |
---|---|---|---|---|
Моту (историско племенско подрачје на северот) | ||||
1 | Макефу | 87 | 17,13 | 5,1 |
2 | Туапа | 129 | 12,54 | 10,3 |
3 | Намукулу | 14 | 1,48 | 9,5 |
4 | Хикутаваке | 65 | 10,17 | 6,4 |
5 | Тои | 31 | 4,77 | 6,5 |
6 | Муталау | 133 | 26,31 | 5,1 |
7 | Лакепа | 88 | 21,58 | 4,1 |
8 | Лику | 73 | 41,64 | 1,8 |
Тафити (историско племенско подрачје на југот) | ||||
9 | Хакупу | 227 | 48,04 | 4,7 |
10 | Ваиеа | 62 | 5,40 | 11,5 |
11 | Авателе | 150 | 13,99 | 8,9 |
12 | Тамакаутога | 140 | 11,93 | 11,7 |
13 | Алофи Југ | 358 | 46,48 | 13,2 |
14 | Алофи Север | 256 | ||
Ниуе | 1788 | 261,46 | 6,8 |
Наводи
уреди- ↑ Уредба за селските совети на Ниуе 1967 (англиски)
- ↑ Вкупна земјишна површина на Ниуе (англиски)