Северна Кореја административно се дели на единици од повеќе степени. Многу од нив имаат свои пандани во јужнокорејскиот систем. Единици од прв степен се покраините, двата непосредно управувани града и трите специјални единици. Второстепени се градовите, околиите, и окрузите. Тие потоа се делат на третостепени целини: помали градови, маала, села и „работнички окрузи“.[1] Тристепениот административен систем на Северна Кореја е воведен од Ким Ил-сунг во 1952 г како дел од темелната преорганизација на управата. Дотогаш се користел повеќестепени систем сличен на денешниот во Јужна Кореја.

Покраини и првостепени градови

уреди

Деветте покраини (, , „до“) водат потекло од традиционалните покраини на Кореја, но по поделбата на Кореја, истите претрпеле понатамошна поделба. Овие големи подрачја опфаќаат градски, селски и планински краишта. Двата непосредно управувани града (직할시, 直轄市, „чикхалси“) се големи метрополски градови кои се одвоени од нивните некогашни покраини и добиле статус на првостепени единици. Во минатото под непосредна управа биле уште четири града, но подоцна биле припоени кон некогашните матични покраини.

Трите специјални административни региони се создадени во 2002 г. во склоп на стопанската соработка со Јужна Кореја и други земји. Овие региони не се делат на понатамошни единици.

Карта Код Име корејски
(чосонгул)
корејски
(ханча)
KP-01 Пјонгјанг (глав. град) 평양 직할시 平壤直轄市
KP-02 Јужен Пјонган 평안남도 平安南道
KP-03 Северен Пјонган 평안북도 平安北道
KP-04 Чаганг 자강도 慈江道
KP-05 Јужно Хвангхе 황해남도 黃海南道
KP-06 Северно Хвангхе 황해북도 黃海北道
KP-07 Кангвон 강원도 江原道
KP-08 Јужен Хамгјонг 함경남도 咸鏡南道
KP-09 Северен Хамгјонг 함경북도 咸鏡北道
KP-10 Рјанганг 량강도 兩江道
KP-13 Расон (спец. град) 라선 특별시 羅先特別市
KP-?? Нампо (спец. град) 남포 특별시 南浦特別市

Специјални административни региони

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 행정구역 현황 Архивирано на 29 март 2008 г. и 행정구역 개편 일지 Архивирано на 2 ноември 2006 г. (2004)

Надворешни врски

уреди