Адаптација на климатски промени
Адаптацијата на климатските промени е процес на прилагодување на моменталното или очекуваното глобално затоплување и неговите ефекти.[1][2] Тоа е еден од начините да се одговори на климатските промени, заедно со нивното ублажување.[3] За луѓето, прилагодувањето има за цел ублажување или избегнување на штетата или искористување на приликите; за природните системи, луѓето можат да интервенираат за да помогнат во прилагодувањето.[1] Без ублажување, самото приолагодување не може да го спречи ризикот од сериозни, широко распространети и неповратни влијанија.
Адаптацијата на климатските промени може да биде постепена (акции на кои главна цел е одржување на суштината и интегритетот на системот) или трансформациска (акции кои ги менуваат основните атрибути на системот како одговор на климатските промени и нивните влијанија).[4]
Потребата за прилагодување варира од место до место, во зависност од чувствителноста и ранливоста на влијанијата врз животната средина.[5][6] Адаптацијата е особено важна во земјите во развој, бидејќи тие земји се најчувствителни на климатските промени[7] и го носат најголемиот товар од ефектите од глобалното затоплување.[8] Човечките адаптивни капацитети се нерамномерно распоредени по различни региони и популации, а земјите во развој воглавно имаат помали капацитети за прилагодување.[9] Адаптивните капацитети се тесно поврзани со општествениот истопанскиот развој.[10] Економските трошоци за приспособување на климатските промени веројатно ќе изнесуваат милијарди долари годишно во текот на следните неколку децении, иако точниот износ на потребните средства не е познат.[11]
Предизвикот на прилагодување расте со големината и стапката на климатските промени. Дури и најефективното ублажување на климатските промени[12] со намалување на гасовите на стаклена градина или засилено отстранувањето на овие гасови од атмосферата (преку јаглеродни мијалници)[13] не би ги спречило понатамошните влијанија на климатските промени, правејќи ја потребата за прилагодување на неизбежното.[14] Парискиот климатски договор бара земјите да го одржуваат порастот на глобалните температури на овој век на помалку од 2°C над прединдустриските нивоа и да продолжат со напорите за ограничување на порастот на температурата на 1,5°C.[15] Дури и ако емисиите се запрат релативно брзо, глобалното затоплување и неговите ефекти ќе траат многу години поради инертноста на климатскиот систем, па затоа е неопходна адаптација.[16]
Целта за одржлив развој 13, поставена во 2015 година, има за цел јакнење на отпорноста и адаптивните капацитети на земјите на прашањата поврзани со климата. [17] Ова прилагодување вклучува многу области како што се инфраструктурата,[18] земјоделството[19] и образованието. Парискиот климатски договор, усвоен истата година, содржал неколку одредби за прилагодување. Тој се стреми да ја промовира идејата за глобална одговорност, да ја подобри комуникацијата преку компонентата за прилагодување на национално утврдени придонеси и вклучува договор според кој развиените земји треба да пружат одредена финансиска поддршка и пренос на технологии за промовирање на прилагодувањето во поранливите земји. Некои научници се загрижени дека програмите за прилагодување на климата можат да им пречат на постоечките развојни програми и на тој начин да доведат до несакани последици за ранливите групи.[20] Економските и социјалните трошоци од климатските промени би биле многу високи.[21]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 IPCC (2014). „Glossary“ (PDF). Intergovernmental Panel on Climate Change.
- ↑ Grüneis, Heidelinde; Penker, Marianne; Höferl, Karl-Michael (2016-10-22). „The full spectrum of climate change adaptation: testing an analytical framework in Tyrolean mountain agriculture (Austria)“. SpringerPlus. 5 (1): 1848. doi:10.1186/s40064-016-3542-1. ISSN 2193-1801. PMC 5075327. PMID 27818886.
- ↑ „Responding to Climate Change“. NASA. 21 December 2020. Архивирано од изворникот на 4 January 2021.
- ↑ IPCC. „Adaptation needs and options“ (PDF). Intergovernmental Panel on Climate Change.
- ↑ Green, Donna; Alexander, Lisa; Mclnnes, Kathy; Church, John; Nicholls, Neville; White, Neil (11 December 2009). „An assessment of climate change impacts and adaptation for the Torres Strait Islands, Australia“. Climatic Change. 102 (3–4): 405–433. doi:10.1007/s10584-009-9756-2. ISSN 0165-0009.
- ↑ Sarkodie, Samuel Asumadu; Strezov, Vladimir (2019-03-15). „Economic, social and governance adaptation readiness for mitigation of climate change vulnerability: Evidence from 192 countries“. Science of the Total Environment (англиски). 656: 150–164. Bibcode:2019ScTEn.656..150S. doi:10.1016/j.scitotenv.2018.11.349. ISSN 0048-9697. PMID 30504017.
- ↑ Nations, United. „The Health Effects Of Global Warming: Developing Countries Are The Most Vulnerable“. United Nations (англиски). Посетено на 2020-11-24.
- ↑ „Unprecedented Impacts of Climate Change Disproportionately Burdening Developing Countries, Delegate Stresses, as Second Committee Concludes General Debate | Meetings Coverage and Press Releases“. www.un.org. Посетено на 2019-12-12.
- ↑ Schneider, S.H., S. Semenov, A. Patwardhan, I. Burton, C.H.D. Magadza, M. Oppenheimer, A.B. Pittock, A. Rahman, J.B. Smith, A. Suarez and F. Yamin (2007). Executive summary. In (book chapter): Chapter 19: Assessing Key Vulnerabilities and the Risk from Climate Change. In: Climate Change 2007: Impacts, Adaptation and Vulnerability. Contribution of Working Group II to the Fourth Assessment Report of the Intergovernmental Panel on Climate Change (M.L. Parry, O.F. Canziani, J.P. Palutikof, P.J. van der Linden and C.E. Hanson, Eds.). Print version: Cambridge University Press, Cambridge, UK. This version: IPCC website. ISBN 978-0-521-88010-7. Архивирано од изворникот на 2 May 2010. Посетено на 6 April 2010.CS1-одржување: користи параметар authors (link)
- ↑ IPCC (2007). 4. Adaptation and mitigation options. In (book section): Summary for Policymakers. In: Climate Change 2007: Synthesis Report. Contribution of Working Groups I, II and III to the Fourth Assessment Report of the Intergovernmental Panel on Climate Change (Core Writing Team, Pachauri, R.K and Reisinger, A. (eds.)). Print version: IPCC, Geneva, Switzerland. This version: IPCC website. ISBN 978-92-9169-122-7. Архивирано од изворникот на 1 May 2010. Посетено на 26 April 2010.
- ↑ World Bank (2010). The Cost to Developing Countries of Adapting to Climate Change: New Methods and Estimates (PDF). World Bank.
- ↑ Verbruggen, A. (ed.) (2007). Glossary J-P. In (book section): Annex I. In: Climate Change 2007: Mitigation. Contribution of Working Group III to the Fourth Assessment Report of the Intergovernmental Panel on Climate Change (B. Metz et al. (eds.)). Print version: Cambridge University Press, Cambridge, UK, and New York, N.Y., U.S.A.. This version: IPCC website. ISBN 978-0-521-88011-4. Архивирано од изворникот на 3 May 2010. Посетено на 23 April 2010.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ [url=http://unfccc.int/essential_background/[мртва врска] glossary/items/3666.php "UNFCCC Glossary of Climate Change Acronyms"]. Accessed 24 October 2010
- ↑ Klein, R.J.T. (2007). Executive summary. In (book chapter): Inter-relationships between adaptation and mitigation. In: Climate Change 2007: Impacts, Adaptation and Vulnerability. Contribution of Working Group II to the Fourth Assessment Report of the Intergovernmental Panel on Climate Change (M.L. Parry et al. Eds.). Print version: Cambridge University Press, Cambridge, UK, and New York, N.Y., U.S.A.. This version: IPCC website. ISBN 978-0-521-88010-7. Архивирано од изворникот на 21 April 2010. Посетено на 6 April 2010.
- ↑ „The Paris Agreement“. unfccc.int. Посетено на 2020-11-24.
- ↑ Farber, Daniel A. (2007). „Adapting to Climate Change: Who Should Pay?“. Journal of Land Use & Environmental Law. 23: 1. doi:10.2139/ssrn.980361. ISSN 1556-5068. Архивирано од изворникот на 15. 12. 2019. Посетено на 20. 04. 2021. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |archive-date=
(help) - ↑ Campbell, Bruce M.; Hansen, James; Rioux, Janie; Stirling, Clare M.; Twomlow, Stephen; (Lini) Wollenberg, Eva (2018). „Urgent action to combat climate change and its impacts (SDG 13): transforming agriculture and food systems“. Current Opinion in Environmental Sustainability. 34: 13–20. Bibcode:2018COES...34...13C. doi:10.1016/j.cosust.2018.06.005.
- ↑ „The Varsity: Quantifying the climate crisis: how changes could impact road maintenance“. 10 November 2019.
- ↑ „The Guardian: Benefits to farmers of global heating outweighed by losses, says report“. The Guardian. 4 September 2019.
- ↑ Misra, Manoj (29 February 2016). „Smallholder agriculture and climate change adaptation in Bangladesh: questioning the technological optimism“. Climate and Development. 9 (4): 337–347. doi:10.1080/17565529.2016.1145101. ISSN 1756-5529.
- ↑ Opperman, Jeffrey J.; Galloway, Gerald E.; Fargione, Joseph; Mount, Jeffrey F.; Richter, Brian D.; Secchi, Silvia (11 December 2009). „Sustainable Floodplains Through Large-Scale Reconnection to Rivers“. Science. 326 (5959): 1487–1488. Bibcode:2009Sci...326.1487O. doi:10.1126/science.1178256. ISSN 0036-8075. PMID 20007887.
Надворешни врски
уреди- Адаптација на климатски промени на Ризницата ?