Хагно
Хагно или Агно (старогрчки: Ἁγνω) во старогрчката митологија била нимфа.
Потекло на поимот
уредиНејзиното име има значење „чиста“, „невина“, „света“, а извадено е од зборот hagnos.[1]
Митологија
уредиХагно била нимфа Најади и веројатно е Океанида од изворот кој бил посветен на неа и наречен е по неа, а се наоѓал на планината Ликеј во Аркадија.[1] Се верувало дека нејзиниот извор ги создава нефелините облаците .[2] Всушност, кога земјата била погодена со суша, свештеникот на Зевс Линкеј, после молитвата и принесувањето на жртви, ја допрел со гранка од даб површината на изворот на оваа нимфа и веднаш се создале облаци кои го донеле долго очекуваниот дожд.[3] Со своите сестри, Неда и Тисоја, била дадилка на Зевс додека бил дете.[1] За неа пишувал Паусаниј.[4] Тој известил дека нимфата претставена во Мегалополис како во едната рака држи стомна, а во другата патера.[3]
Биологија
уредиЛатинското име на оваа личност (Hagno) е оригинален назив за родот пеперутки чиј сегашен назив е Psilocorsis.[5]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 -{theoi.com: Hagno}-
- ↑ -{theoi.com: Okeanides}-; -{NAMES OF OKEANIDES}-
- ↑ 3,0 3,1 -{Greek Myth Index: Hagno}- Архивирано на 3 јули 2011 г.,
- ↑ Carlos Parada, 1997. Genealogical Guide to Greek Mythology}- -{Greek Mythology Link: NYMPHS}-; -{List of NYMPHS
- ↑ -{Harvard University's MCZ Database}-[мртва врска][мртва врска], Посетено на 29. 4. 2013.