Авачински Залив

залив на Камчатка, Русија

Авачински Залив (руски: Авачинская бухта) или Авачинско Устие (Авачинская губа) — залив во југоисточниот брег на полуостровот Камчатка во Тихиот Океан. Долг е 24, а широк 3 км во устието, со најголема длабочина од 26 м.[1]

Поглед на Авачинскиот Залив.

Во него се влева реката Авача, по која е наречен. Не брегот на заливот е сместен пристанишниот град Петропавловск Камчатски од источната страна и затворениот град Виључинск од западната, во помалиот Крашеников Залив. Претставува најважна точка за стопанскиот и воениот сообраќај во Камчатскиот крај.

Откривање

уреди

Заливот прв го забележал данско-рускиот истражувач и офицер Витус Беринг во 1729 г. Првите карти на подрачјето ги изработил поморскиот капетан Михаил Тебенков некаде во 1830-тите.[2]

Опис

уреди
 
Карта на Авачинскиот Залив

Авачинскиот Залив е меѓу најголемите засолнети заливи во светот, со способност да ги прими и најголемите бродови. Зафаќа површина од 215 км2 и длабок е до 26 метри. Поважни реки кои се влеваат во него се Авача и Паратунка. На него е сместена и главната база на Тихоокеанската флота на руските поморскски сили. Зиме заливот замрзнува.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Avachinskaya Guba“. Mapcarta. Архивирано од изворникот на 20 декември 2016. Посетено на 19 декември 2016.
  2. „Karta Kamchatskago Berega“. Alaska's Digital Archives. Архивирано од изворникот на 12 ноември 2013. Посетено на 12 ноември 2013.

Надворешни врски

уреди

52°56′N 158°36′E / 52.933° СГШ; 158.600° ИГД / 52.933; 158.600