Аваскуларна некроза

Аваскуларна некроза е уништување на коскеното ткиво поради недостаток на крвоснабдување. Позната и под терминот остеонекроза, аваскуларната некроза може да доведе до ситни пукнатини во коската, при што коската колабира и се јавува фрактура. Крвниот проток во коскеното ткиво може да биде прекинат ако коската е фрактурирана (скршена) или постои дислокација на зглобот. Аваскуларната некроза, исто така, е асоцирана со долготрајна употреба на стероидни медикаменти и прекумерна консумација на алкохол. Најчесто афектиран зглоб е колкот. Аваскуларната некроза се влошува со тек на време, што го отежнува нејзиното комплетно излекување.

Аваскуларна некроза
СпецијалностОртопедија Уреди на Википодатоците

Симптоми

уреди

Аваскуларната некроза типично предизвикува болка во афектираниот зглоб и ги ограничува неговите движења.
Најчестите зглобови кои може да развијат аваскуларна некроза се:

  • Колк. Освен болката во самиот зглоб, таа може да се прошири кон слабината или да се спушти во натколеницата, па дури и во коленото.
  • Колено. Аваскуларната некроза на овој зглоб се одликува со интраартикуларна (внатре во зглобот) болка, која што се влошува при активност на зглобот.
  • Рамо. Иако повеќе коски доаѓаат во контакт во овој зглоб, надлакотната коска е најчесто погодена од аваскуларна некроза.

Кај некои луѓе, аваскуларната некроза се јавува билатерално, односно на двете страни – на пример на двата колка или двете колена. Знаците и симптомите може да се појават ненадејно доколку е предизвикана од повреда.
Од останатие зглобови кои може да развијат аваскуларна некроза ќе се споменат:

  • лакт ,
  • стапало ,
  • дланки ,
  • вилица ,
  • ‘рбетен столб .

Причини

уреди

Аваскуларната некроза се појавува кога крвотокот во коската е прекинат или намален, а тоа се случува при:

  • Повреда на зглоб. Ударот, кој резултира со скршена коска или дислоциран зглоб, може да ги оштети локалните крвни садови. Без нормален крвоток, коскените клетки умираат.
  • Стеснети крвни садови. Крвотокот во коската може да биде намален ако луменот на крвниот сад се намали или зачепи, најчесто поради ситни засироци на крв или масни чепови.
  • Притисок во коската. Одредени медицински состојби, како што се Пертесовата болест или Гошеровата болест, може да го зголемат интраосеалниот притисок.

Ризични фактори

уреди

Двата најчести фактори кои го зголемуваат ризикот за појава на аваскуларна некроза се:

  • Кортикостероиди. Луѓето што земаат високи дози на кортикостероиди, како што е преднизон, долг временски период – на пример, лицата со хронични заболувања, како што е ревматоидниот артритис или лупус – почесто развиваат аваскуларна некроза.
  • Алкохолизам. Лицата што прекумерно консумираат алкохол, може да создадат масни депозити во крвните садови. Ова може да го намали луменот на крвните садови, и да го прекине крвотокот во одредени регии во телото, вклучително и коските.

Лицата што внесуваат бифосфонати – вид на медикамент што се користи за зајакнување на ослабените коски поради остеопороза – понекогаш развиваат остеонекроза на вилицата.

Неколку видови на медицински процедури може да го ослабат коскеното ткиво, што од своја страна го зголемува ризикот од развој на аваскуларна некроза, а тука спаѓаат:

  • хемотерапија и радиотерпија ,
  • хемодијализа ,
  • пресадување на бубрези и други органи .

Состојбите кои се поврзуваат со оштетување на коскеното ткиво вклучуваат:

  • Дијабетес ,
  • Гошерова болест ,
  • ХИВ ,
  • Лупус .

Дијагноза

уреди

Многу медицински состојби може да предизвикаат зглобна болка. Визуелизационите тестови може да помогнат при донесувањето на правилна и точна дијагноза.
Тука спаѓаат:

  • РТГ снимање. Во раните стадиуми на аваскуларната некроза, РТГ снимките не покажуваат некои промени. РТГ снимањето е корисно во понапреднатиот стадиум на остеонекроза.
  • Магентна резонанца. Со оваа визуелизациона техника може да се докажат раните промени на коските.
  • Скен на коски. Оваа метода се состои од инјектирање на радиоактивна супстанца во вена. Радиотрасерот (радиоактивната материја) ќе патува до променетото коскено ткиво, со што ќе овозможи визуелизација на аваскуларната некроза.

Лекување

уреди

Целта на лекувањето на аваскуларната некроза е да се спречи понатамошното губење на коскена маса. Кој вид на третман ќе се примени, зависи од тоа колкаво е оштетувањето коската.

Медикаменти

уреди
  • Нестероидни анти-инфламаторни лекови (НСАИЛ). НСАИЛ, како што се аспирин и ибупрофен, може да ја намалат болката и воспалението асоцирани со аваскуларната некроза.
  • Бифосфонати. Некои студии индицираат дека лековите за остеопороза, како што е алендронатот, може да ја забават прогресијата на аваскуларната некроза.

Терапија

уреди
  • Одмор. Намалувањето на тежината и стресот на афектираната коска може да го забави оштетувањето на аваскуларната некроза.
  • Вежбање. Одредени вежби може да помогнат во одржување и подобрување на движењата во зафатениот зглоб.
  • Електрична стимулација. Електричните струи може да го поттикнат телото да создава нова коска во оштетената регија.

Хируршки третман

уреди
  • Декомпензација на коскено ткиво ,
  • Коскено пресадување (калемење) ,
  • Остеотомија ,
  • Вештачки зглоб .

Надворешни врски

уреди

http://zazdravje.com.mk/%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%81%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D0%BA%D1%80%D0%BE%D0%B7%D0%B0 Архивирано на 16 август 2013 г.