Дигимон (ТВ серија од 1999 година)

Дигимон или Авантурите на Дигимон исто така позната како Дигимон: Дигитални чудовишта 1 сезона[1] во англиското говорно подрачје, е аниме-серија од 1999 година. Таа е и прва аниме серија од Дигимон франшизмата.

Авантурите на Дигимон, сезона 1

„Дигимон" започнал со изработка 1,5 месец по продукцијата на истоимениот филм, а започнала да се емитува во Јапонија еден ден по прикажувањето на филмот во кино на 7 март 1999 година, и се прикажувала до март 2000 година. По серијата, следувал филмот од 2000 година „Авантурите на Дигимон:Нашата војна!" . И двата филма биле адаптирани и објавени во Северна Америка како „Филмот Дигимон" на 6 октомври 2000 година.

Со успехот на Авантурите на Дигимон, следело продолжението на телевизиската серија „Авантурите на Дигимон 2", која се емитувала од 2000 до 2001 година. За 15-годишнината од серијата, филмски серијал од шест дела со наслов „Авантурите на Дигимон 3". бил прикажуван помеѓу 2015 и 2018 година. Последниот филм со наслов „Авантурите на Дигимон: Последна авантура Кузина" бил објавен во 2020 година. Во 2020 година, серијата била реадаптирана и прикажана под истото име „Авантурите на Дигимон" .

Содржина

уреди

На 1 август 1999 година, седум деца се транспортирани во Дигиталниот свет од страна на Дигиапаратите кои се појавиле пред нив во летниот камп, и тие таму се спријателуваат со неколку Дигимони (Дигитални чудовишта). Детските Дигиапарати [б 1] му помагаат на нивиниот Дигимон да дигиеволуира [б 2] во посилна форми и да се бори против лошите дигимони. Додека децата се обидуваат да најдат пат да се вратат дома, тие откриваат дека тие се деца избрани да го спасат Дигиталниот свет. За време на нивниот престој во Дигисветот нив ги напаѓа Девимон, кој користи црни запчаници за да ги направи добрите Дигимони во лоши и да ја нападне групата. Откако ќе го поразат Девимон, децата ги контактира Генај кој им дава инструкции да стигнат до серверскиот континент за да ги вратат артефактите наречени Гребени, а нивините дигимони да дигиeволуираат во нови форми. За сето тоа време тие се на мета на Етемон.

Откако Етемон е поразен, децата дознаваат од Генаи дека има и осмо дете како нив, за кое лошиот дигимон Миотизмон влегува во реалниот свет да го убие. [6] Децата исто така се враќаат во реалниот свет. Откако ќе откријат дека осмото дете е помладата сестра на Таи, Кари, и дека нејзиниот Дигимон е Гатомон, децата успеваат да го поразат Миотизмон. Сепак, границите помеѓу реалниот свет и дигиталниот свет се вкрстуваат, принудувајќи ги да се вратат во Дигиталниот свет.

Децата и нивните дигимони сега се соочуваат со Темните мајстори, квартет од мега-ниво злобни Дигимони кои секој од нив презема контрола врз дел од Дигиталниот свет. За време на нивната битка, тие дознаваат дека дека не го спасат дигиталниот свет тој ќе се вкрсти со нивниот свет и ќе ги уништи двата светови. Децата и нивните дигимони на крај се соочуваат со последниот Темен господар Апокалимон кој се обидува да ги уништи двата света. Апокалимон ги уништува нивните дигиапараите, но тие сфаќаат дека моќта не била во нивните дигиапарати туку била во нив целото време и успеваат да го победат. Со обновувањето на Дигиталниот свет, Таи и неговите пријатели се збогувааат со своите Дигимон пријатели во Дигимон светот и се враќаат во нивниот свет.

Развој

уреди

Во 1999 година, бил објавен краток филм заснован на виртуелните миленичиња наречен „Авантурите на Дигимон". Меѓутоа, набргу по прикажувањето на приказната за филмот во 1998 година, од продуцентите на Toei Animation било побарано да го преработат во телевизиска серија.

Дизајните на ликовите на децата во серијата беа креирани од Кацујоши Накацуру. Имињата на ликовите се засноваат на канџи поврзани со среќата. [7]

Медиуми

уреди

Аниме

уреди

Авантурите на Дигимон бил продуциран од Toei Animation и се емитувал во 54 епизоди на Fuji TV помеѓу 7 март 1999 година и 26 март 2000 година. Главната песна со која започнува серијата за сите епизоди што се емитуваат во Јапонија е „Butter-Fly “ од Kōji Wada, која се искачила на #47 на неделната табела за синглови на Орикон . [8]I Wish“ од AiM [б 3] се користила како песна со која завршувале епизодите 1-26, [9] додека „Keep On“, петтиот сингл на AiM, била песната со која завршувале епизодите 27-54. [10] Серијата исто така користи три вметнати песни: „Храбро срце“ од Ајуми Мијазаки како тема на Дигиволуција, [11] „Седум“ од Коџи Вада, [12] и "Yūki o Tsubasa ni Shite" (勇気を翼にして) од Тошико Фуџита, гласовна актерка на Таи. [13] На 1 август 2014 година, за време на 15-годишнината од серијата, била најавена Blu-ray диск од оригиналната серија и била поставена за издавање во Јапонија на 15 март 2015 година. [14]

Saban Entertainment ја земала лиценцата за серијата во Северна Америка и направила своја верзија на англиски јазик под наслов Дигимон: Дигитални чудовишта, премиерно прикажана на Fox Kids Network на 14 август 1999 година. [15] Серијата се емитувала и во Канада на YTV . [16] Англиската верзија имала посебна песна за отворање на епизодите и исто така биле сменети имињата на ликовите, како и промени кои се однесуваат на одредени аспекти, како насилството за да ја направи серијата посоодветна за помладата публика. Оригиналниот саундтрак за серијата бил заменет со музика компонирана од Уди Харпаз [17] и Шуки Леви. [18] [19] Почетната песна за сите епизоди е „Песната на Дигимоните“ од Пол Гордон . [20] „Здраво Дигимон“ од Гордон, била вметната како песна во сцени од серијата и била објавена на оригиналниот саундтрак на Филмот Дигимон заедно со „Песната на Дигимоните“. [20] [21]

Филмови

уреди

Неколку кратки филмови базирани на серијата била прикажани во кината во Јапонија. Филмот Авантурите на дигимон првично бил прикажан на 6 март 1999 година. Содржината на приказната се фокусира на Таи и Кари кои пронаоѓаат Диги-јајце од нивниот компјутер, кое се изведува и брзо дигиволвира, кулминирајќи во битка. Филмот заработил 650 милиони ¥ .

Авантурите на Дигимон: Нашата воена игра! [22] првично бил прикажан на 4 март 2000 година. Во филмот, децата наоѓаат вирус Дигимон кој го инфицира Интернетот. Филмот воведува ДНК Дигиволуција. Филмот заработил 2,166 милијарди ¥ . Авантурите на Дигимон: Нашата воена игра! подоцна послужил како инспирација за филмот Летни војни на режисерот Мамору Хосода . [23]

Два кратки филма биле комбинирани од Авантурите на Дигмон 2 дел; Дигимон хуриканско летување/ Дел 2: Врховна еволуција!! Златните дигиментали и биле објавени како еден филм, Филмот Дигимон во Северна Америка на 6 октомври 2000 година. Дигимон: Филмот имал измени од оригиналното сценарио за да се отстранат „културно незгодните“ јапонски елементи и вовело шеги погодни за северноамериканската публика. [24]

Видео игри

уреди

Ликовите и дигимоните од „Авантурите на Дигимон" се појавуваат низ многу видео игри засновани на франшизата, како што е „Дигимон борбената арена" .

Игра со улоги заснована на оригиналната приказна за „Авантурите на Дигимон" била развиена од Prope и објавена од Namco Bandai Games, исто така со име „Авантурите на Дигимон", а била објавена за PlayStation Portable на 17 јануари 2013 година, и била дел од линијата на видео игри во чест на 15-годишнината на франшизмата. [25] [26] Играта ја опфаќа целата серија, како и вториот јапонски филм „Бокура невоена игра", и во неа се враќаат да играат улога сите главни гласовни актери. [27]

Прием

уреди

Во своето првично издание, [28] серијата забележа прилично голем успех во Соединетите Американски Држави. Кога првпат била објавена во Северна Америка, серијата се гледала како обид да биде конкуренција и да го имитира успехот на франшизмата Покемон. Списанието Entertainment Weekly го прогласила Дигимон како „Најлошиот обид за вкрстување на покемони во комјутерска мрежа“ во 2000 година. [29] Сепак, публиката на крајот забележа дека во споредба со Покемон, ликовите комуницирале и се развивале реално, а имало и интеграцијата на покомплицирани научно-фантастични приказни и општествени теми. Постепено се подобрувала и англискиот синхронизација,  правејќи се помалку и помалку измени на јапонскиот оригинал во подоцнежните епизоди. Како резултат на тоа, многу млади гледачи брзо престанале да го гледаат Покемон и наместо тоа почнале да го гледаат Дигимон . [30]

И покрај критиките, Дигимон се нашол на првото место на почетокот на прикажувањето на рејтингот на Нилсен во мај 2000 година, надминувајќи го „Покемон: Авантурите на Портокаловите Острови" кај гледачите на возраст од 2-11 и 6-11 години. [31] Компаниите и бизнисите како што се компанијата за храна за ужина Jel Sert и синџирот продавници за играчки Toys "R" Us ја искористиле популарноста на серијата со тоа што промовирале свои производи од Дигимон серијата. [32]

Белешки

уреди
  1. A Digivice (デジヴァイス, Dejivaisu), based on Bandai's Digital Monster virtual pet toy,[2] is a digital device that the DigiDestined use to enter the Digital World and help their Digimon partners Digivolve.
  2. Digivolution (進化, Shinka) is the process by which a Digimon evolves into a higher-leveled, more powerful form.[3][4][5]
  3. Credited as her real name, Ai Maeda.

Наводи

уреди
  1. „Digimon: Digital Monsters Episode Guide“. Fox Family Properties. Архивирано од изворникот на 2001-06-15. Посетено на 2018-11-02.
  2. Nick Valdez (2018-04-30). 'Digimon' Fans Can Now Get Their Own Digivice“. Comicbook.com. Посетено на 2018-11-08.
  3. „Publisher description for Digimon World: Prima's Official Strategy Guide / Elizabeth M. Hollinger“. Library of Congress. Посетено на 2018-11-04.
  4. „Digital Monsters Take Over the World as Bandai America Unveils its Fall Digimon Toy Line“. Anime News Network. 2008-02-17. Посетено на 2018-11-04.
  5. „DIGIVOLVING SPIRITS デジモン超進化魂 スペシャルページ 魂ウェブ“. Bandai (јапонски). Посетено на 2018-11-04.
  6. Camp, Brian; Davis, Julie (2007). Anime Classics Zettai. Stone Bridge Press. ISBN 978-1-933330-22-8.
  7. „Memories of Our Digimon Adventure, Part 6“. Digital Scratch. Архивирано од изворникот на 2010-10-11. Посетено на 2016-10-18.
  8. „Butter-Fly“. Oricon (јапонски). Посетено на 2018-11-01.
  9. „I wish“. Oricon (јапонски). Посетено на 2018-11-01.
  10. „keep on“. Feel Mee. Посетено на 2018-11-02.
  11. „brave heart“. Oricon (јапонски). Посетено на 2018-11-02.
  12. デジモンアドベンチャー・シングルヒットパレード. Oricon (јапонски). Посетено на 2018-11-02.
  13. „新垣結衣さん出演作も!デジモンアニメシリーズを初代から映画tri.最新作まで総まとめ“. Animate (јапонски). 2018-02-07. Посетено на 2018-11-05.
  14. „Digimon Adventure Anime Returns Next Spring in High School Sequel - News“. Anime News Network. Посетено на 2014-08-01.
  15. Patten, Fred (November 3, 2013). „Anime – The Game Influence“. Cartoon Research. Посетено на September 18, 2023.
  16. „YTV Programming news“. Anime News Network. October 31, 2000. Посетено на September 18, 2023.
  17. „Udi Harpaz: Composer - Projects“. Udi Harpaz. Архивирано од изворникот на 2011-07-17. Посетено на 2018-11-04.
  18. „Digimon Series – Shuki Levy“. Shuki Levy. Посетено на 2018-11-04.
  19. Adrian Mackinder (2015-10-05). „Shuki Levy: The Soundtrack to a Generation“. Den of Geek!. Посетено на 2018-11-04.
  20. 20,0 20,1 Karen Ressler (2016-02-19). „Digimon, Transformers: Robots in Disguise Musician Paul Gordon Passes Away“. Anime News Network. Посетено на 2018-11-04.
  21. „Digimon: The Movie-soundtrack“. Fox Family Properties. Архивирано од изворникот на 2000-10-17. Посетено на 2018-10-31.
  22. „「デジモンアドベンチャー ぼくらのウォーゲーム!」がYouTubeで配信中 4月16日までの期間限定“. ITmedia [ja] (јапонски). 2018-03-22. Посетено на 2018-10-08.
  23. Osmond, Andrew (March 2011). „Our War Game!“. Neo (82): 12.
  24. Lacey, Liam (2000). „Digiconfusion from a parallel universe“. The Globe and Mail.
  25. „Sonic Creator's Prope Studio Develops Digimon Adventure RPG“. Anime News Network. 2012-08-22. Посетено на 2012-10-19.
  26. Gil, Andrea (2012-10-19). „Prope's Digimon Adventure finally got a release date“. TSSZ News. Архивирано од изворникот на 2012-10-21. Посетено на 2012-11-23.
  27. „Digimon Adventure PSP to Cover All Episodes, 2nd Film“. Anime News Network. 2012-10-18. Посетено на 2012-10-19.
  28. „Digimon Adventure: Volume 1 : DVD Talk Review of the DVD Video“. DVD Talk. Посетено на 2015-05-29.
  29. „Princess Mononoke among Entertainment Magazine's best 10 of 2000“. Anime News Network. December 18, 2000. Посетено на September 15, 2009.
  30. Camp, Brian; Davis, Julie (2007). Anime Classics Zettai!: 100 Must-See Japanese Animation Masterpieces. Stone Bridge Press. стр. 106. ISBN 9781933330228.
  31. Kissell, Rick (May 19, 2000). „NBC takes latenight; Fox ayem“. Variety. Архивирано од изворникот на April 23, 2024. Посетено на 23 April 2024.
  32. 'Digimon' Licensees Sign as Ratings, Retail Success Grows“. PR Newswire. June 13, 2000. Архивирано од изворникот на July 15, 2005. Посетено на November 10, 2009.

Надворешни врски

уреди