Абура-сумаши
Абура-сумаши (варијанти на јап. [油], [あぶら], [すまし] , [„Истиснувач на нафта“] Error: {{Transliteration}}: transliteration text not Latin script (pos $1) (help))[1] е суштество од јапонскиот фолклор од Амакуса, Кумамото. Овој дух, кој ги изненадува луѓето на планинскиот превој Кусазумигое, се смета дека е дух на некој човек што крадел нафта:
- Во времето пред електричната енергија, нафтата била многу вредна и неопходна за осветлување или греење на куќата. Како таква, кражбата на нафтата, особено од храмовите и светилиштата, можело да доведе некој да е казнет со тоа што се реинкарнира како јоокаи.
Во современите медиуми, Абура-сумаши е често прикажан како „наведнато суштество со капут од слама што му го покрива телото, и глава како на компир или мазен камен“, изглед што е инспириран од уметничкото дело на Шигеру Мизуки.
Митологија
уредиЗа прв пат се појавува во раниот Шооуа период, во книгата „Народни записи од островот Амакуза“ на локалниот историчар Рјуичи Хамада, каде е опишано со друго име, „Јораитачузо“, кое не поврзано со нафтени кражби. Тука, приказната е за една стара жена која го однела својот внук на локалниот пат со име Кусумиецу, кој ги поврзувал селата Кауачи (денес градот Амакуза) и селото Шимура (денес дел од градот Амакуса) близу до Амакуса, Кумамото. Кога разговарала со внукот, тоа излегло носејќи шишенце со масло, па кога „виде дека го приметив, избега заедно со шишенцето“.[1] Како резултат на истражувањата во овој регион, се претпоставува дека овој пат е преминот Кусакоши кој ги поврзува местата Аријаке и Сумото,[2] но сепак, суштеството останува мистериозно и со мала традиција.
Во главата со насов „Абрасмаши“ во книгата „Јоокаи Данги“ на фолклористот Кунио Јанагида, од горенаведените „Народни записи од островот Амакуза“ е цитирано и опишано како „чудовиште со масло“,[3] и нема опис за тоа кое е ова „суштество“ и како изгледа.[4]
Во 2004 година бил откриен дел од камена статуа наречена „Ајусумашидон“ во областа Кауачи во Сумоточо.[2] Пронајдокот е заведен на местото наречено „Лизгав планински пат“ во Сумото, Кумамото, а изгледот на статуата е голема глава, без врат, на која се споени двете раце.[2][5]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 浜田 1932, стр. 134
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „「妖怪油すまし」で町おこし!“. Uoo Project. 2004-10. Архивирано од изворникот на 2008-10-21. Посетено на 2009-06-28. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help); Надворешна врска во|work=
(help) - ↑ 柳田 1956, стр. 206
- ↑ 京極他 2005, стр. 378-389
- ↑ „【火の国をゆく】栖本町「油すましどんの里」“. マイタウン. 朝日新聞. 2005-01-22. Архивирано од изворникот на 2013-2-3. Посетено на 2014-10-27. Проверете ги датумските вредности во:
|archivedate=
(help); Надворешна врска во|newspaper=
(help)
Користена литература
уреди- „Aburasumashi“. The Obakemono Project. Архивирано од изворникот на 6 February 2006. Посетено на February 21, 2006.
- „Aburasumashi“. Kaii-Yōkai Denshō Database. Посетено на October 10, 2006.
- „Sumoto-town (Home of Aburasumashi-don)“. asahi.com. Архивирано од изворникот на September 29, 2007. Посетено на October 16, 2006.