Абемама (кирибатски: Abemama), познат и како Абамама, Апамама, Дундас, Хопер, Роџер Симпсон или Симпсон[1], е атол во Кирибатите и е дел од стровската група Гилбертски Острови. Атолот се наоѓа на околу 152 километри југоисточно од Тарава. Во 1889 година, Роберт Луис Стивенсон, неговата жена и дете, провеле 2 месеца на атолот.

Атол Абемама.
Карта со селата на атолот Абемама.
Карта на Гилбертовите Острови.

Географија

уреди

Атолот има вкупна површина од 16 км2 и се проценува дека има население од 3.608 жители. Во атолот има длабока лагуна. На атолот има патен систем кој го поврзува целиот атол. Селото Каријатебике е центар на окружната власт, каде има болница, владини згради и полиција.

Населени места

уреди

На атолот се наоѓаат следните населени места:

Биноинано
Кабанаки
Табијанг
Табонуа
Тебана

Сообраќај

уреди

На островот се наѓа Аеродром Атол Абемама. Малиот аеродром се наоѓа на северниот дел од атолот, во близина на селото Табијанг.

Наводи

уреди
  1. Canby. Historic Places. p. 2

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

0°24′N 173°52′E / 0.400° СГШ; 173.867° ИГД / 0.400; 173.867