Абедин Зумбери
(Пренасочено од Абедин Зимбери)
Абедин Зумбери (албански: Abedin Zumberi; Слупчане, Кумановско, 28 април 1963) — македонски политичар и поранешен член на ОНА.
Абедин Зумбери Abedin Zumberi | |
---|---|
Прекари | Хоџа |
Род | ОНА |
Битки/војни | Воен конфликт во Македонија, 2001 |
Завршил на факултетот за физичка култура.[1]. Во текот на конфликтот во Македонија бил командир на полицијата во 113 регионална бригада „Исмет Јашари“ на ОНА како и шеф на единица за разузнавање и контра разузнавање, составена од 30-35 души кој дејствувале во цивилна облека како месно население[2].
Денеска, Зумбери е пратеник на македонското собрание од партијата Нова демократија. Тој е член на:
- Комисија за локална самоуправа, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Монголија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, член
Наводи
уреди- ↑ „Собрание на Република Македонија: АБЕДИН ЗУМБЕРИ“. Посетено на 2011-02-18.
- ↑ „Абедин Зибери“. Архивирано од изворникот на 2010-11-05. Посетено на 18 февруари 2011.