Абедин Зумбери

(Пренасочено од Абедин Зибери)

Абедин Зумбери (албански: Abedin Zumberi; Слупчане, Кумановско, 28 април 1963) — македонски политичар и поранешен член на ОНА.

Абедин Зумбери
Abedin Zumberi

ПрекариХоџа
Род ОНА
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001

Завршил на факултетот за физичка култура.[1]. Во текот на конфликтот во Македонија бил командир на полицијата во 113 регионална бригада „Исмет Јашари“ на ОНА како и шеф на единица за разузнавање и контра разузнавање, составена од 30-35 души кој дејствувале во цивилна облека како месно население[2].

Денеска, Зумбери е пратеник на македонското собрание од партијата Нова демократија. Тој е член на:

  • Комисија за локална самоуправа, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Монголија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, член

Наводи

уреди
  1. „Собрание на Република Македонија: АБЕДИН ЗУМБЕРИ“. Посетено на 2011-02-18.
  2. „Абедин Зибери“. Архивирано од изворникот на 2010-11-05. Посетено на 18 февруари 2011.