Морско уво

(Пренасочено од Абалон)
Морско уво
Живо морско уво
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Мекотели
Класа: Полжави
Семејство: Морски уши
Rafinesque, 1815
Род: Морско уво
Linnaeus, 1758[1]
Типски вид
Haliotis asinina Linnaeus, 1758
Linnaeus, 1758
Видови

66

Морско уво или абалон (научHaliotis) — род морски полжави од сопствена фамилија морски уши (Haliotidae), се сретнува во топлите мориња низ целиот свет. На надворешната површина на единечната школка има низа од мали дупчиња, а најголемиот дел од нив се пополнуваат како што расте животното; некои остануваат отворени и служат како излези за отпадните материи. Морските уши се големи 10-25 см во пречник и 8 см во дебелина. Најголем член на родот е црвеното морско уво (H. rufescens) со 35 см. Цврстиот внатрешен дел на школката, кој се прелева во боите на виножитото, се користи за украси, а големото мускулно стапало се консумира како деликатес. Комерцијални рибарници има во Калифорнија, Мексико, Јапонија и Јужна Африка.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Linnaeus C. (1758). Systema Naturae, ed. 10, 779; 1767, ed. 12, 1255.