„Џуно“ (англиски: Juno) е мелодраматичен филм од 2007 г. Филмот е американска режирана од Џејсон Реитман. Приказната е за 16 годишно девојче кое останува непланирано бремена од нејзиниот најдобар другар. Филмот е номиниран во 3 категории за Оскар, а исто така имаше и 3 номинации за Златен глобус.

„Џуно
(Juno)“
РежисерЏејсон Реитман
ПродуцентЏон Малкович
СценаристДиабло Коди
Главни улогиЕлен Пејџ
Мајкл Цера
Џенифер Гарнер
Џејсон Беитмен
Оливија Трибли
Жанрдрама, комедија,
МузикаМатео Месина
ДистрибутерFox Searchlight
Премиера5 декември 2007
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$6.5,000,00
Бруто заработка$156,251,583
Глумци Ликови
Елен Пејџ Џуно МекГаф
Мајкл Цера Поли Бликер
Џенифер Гарнер Ванеса Лоринг
Џејсон Беитмен Марк Лоринг
Алисон Џени Брен МекГаф
Џ.К Симонс Мек МекГаф
Оливија Трибли Леа

Филмот имал голем позитивен критички прием, и доспеа во топ листите на многу критичари за најдобри филмови за 2007 година. Филмот освоил Оскар за најдобро оригинално сценарио а имал уште три други номинации. Истовремено, „Џуно“ имал и финансиски успех, па го повратил буџетот од 6,5 милиони долари за само 20 денови, а вкупно има заработено 21 пати повеќе од буџетот само во Северна Америка.

Заплет

уреди

Џуно Мекгаф (Елен Пејџ) е 16 годишна средношколка од Минесота. Таа открива дека е девет недели бремена со дете од нејзиниот обожавател и пријател Поли Бликер (Мајкл Цера). И покрај тоа што првично се определува за абортус, во последен момент се предомислува и прави планови за посвојување на детето. Со помош на нејзината пријателка Леа, Џуно пребарува по Пенисејвер (огласник) и наоѓа пар за кој мисли дека може да обезбеди соодветен дом. Заедно со нејзиниот татко, Мек, Џуно се запознава со парот, Марк и Ванеса Лоринг (Џејсон Бејтман и Џенифер Гарнер), во нивниот ексклузивен дом и ги финализира подготовките за затворено посвојување.