Џудо
Џудото спаѓа во редот на боречките спортови каде натпреварувачите против своите соперници не се служат со техника на удирање. Во џудото („нежен начин“) кај натпреварувачите се оценува техниката на фрлање и зафаќање. Една борба може да трае и до 20 минути. Натпреварувачите мора да се борат во внатрешноста на пропишаниот простор и не смеат да истапат надвор од зоната на опасност.
Облеката на натпреварувачите е составена од широки панталони, кимоно и појас во боја. При почетокот на натпреварот, натпреварувачите застануваат лице во лице на оддалеченост од 4 метра и се поклонуваат. Кај натпреварувачите се вреднува техника. Директната победничка техника се вреднува со еден бод или ипон. Ипон се доделува за: подигање на противникот над висината на рамениците, силно фрлање или успешно гушење или зафат на држење.
Џудото е едно од воените искуства на древна Јапонија. Џигоро Кано — создавачот на џудото, се е обучавал во школи на џу-џуцу, во продолжение на многу години и во 1882 година го објавува својот систем, кој го нарекува џу-до.
Категоризацијата во џудото се прави според можностите на натпреварувачите. Тие носат различно обоени појаси која ја означуваат нивната категорија. Црниот појас е вообичаено највисокиот кој може да се стекне, но има и седум повисоки кои се доделуваат за долгогодишна активност.