Џими Дуранте
Џејмс Френсис Дуранте (англиски: James Francis Durante; 10 февруари 1893 година – 29 јануари 1980) ― американски комичар, глумец, пејач и пијанист. Неговиот специфичен тврд и рапав говор, њујоршкиот акцент, хумор, песни инспирирани од џезот и истакнатиот нос му помогнале да стане еден од најпознатите и најпопуларните личности во Америка од 1920-тите до 1970-тите. Поради носот себе си се нарекувал schnozzola (италијаланска варијанта на јидишкиот сленг збор schnoz, што значи „голем нос“), а тој збор станал негов прекар.
Џими Дуранте | |
---|---|
Џими Дуранте во 1964 | |
Роден(а) | Џејмс Френсис Дуранте февруари 10, 1893 Њујорк, САД |
Починал(а) | јануари 29, 1980 Санта Моника, САД | (возр. 86)
Почивалиште | Калвер Сити, Калифорнија |
Други имиња |
|
Занимање |
|
Активен период | 1920–1972 |
Партија | Демократ |
Сопружник | Џени Олсен (в. 1921; her death 1943) Марџи Литл (в. 1960) |
Деца | 1 (посвоено) |
Потпис |
Живот и рана кариера
уредиЏејмс Дуранте е роден во источен Њујорк. Бил најмлад од четирите деца на Роза (Лентино) и Бартоломео Дуранте, иселеници од Салерно, Кампанија, Италија.[1] Бартоломео бил бербер.[2][3] Младиот Џими служел како олтарско момче во Римокатоличката црква, позната како Актерската капела.[4]
Дуранте го напуштил училиштето во седмо одделение за да стане регтајм пијанист. Работел во пијано-бар каде го добил прекарот „Регтајм Џими“. Потоа се приклучил на една од најпознатите џез групи во Њујорк, Original New Orleans Jazz Band.[5] Во 1920 година групата била преименувана во Jimmy Durante's Jazz Band.
Слава
уредиКон средината на 1920-тите, Дуранте станал водвилска радио ѕвезда. Дуранте се појавил во мјузиклот од Кол Портер „ Њујорчани“, кој бил поставен на Бродвеј на 8 декември 1930 година. Истата година, се појавил и во филмот Roadhouse Nights.
Во 1934 година, неговата нова композиција, „Inka Dinka Doo“ станала голем хит.[6] Една година подоцна, Дуранте глумел на Бродвеј во мјузиклот Џамбо. Дуранте, исто така, се појави на Бродвеј во Шоу девојка (Show Girl) (1929), Обои ме розово (Strike Me Pink) (1934) и Црвено, врело и сино (Red, Hot and Blue) (1936).
Во текот на раните 1930-ти, Дуранте често глумел во Холивуд и Бродвеј. Меѓу неговите први филмови попознати се „Претседателот фантом“ (Phantom President; 1932), Зборувај лесно (1932), Страсниот водоводџија (The Passionate Plumber; 1932) и Што! Нема пиво? (What! No Beer?; 1933). МГМ го ангажирала Дуранте за главна улога во комедиите Запознајте го баронот (Meet the Baron; 1933) и Холивудска партија (Hollywood Party; 1934), но не бил успешен и МГМ го ослободил од обврските во 1934 година.
Columbia Pictures му понудила главна улога во мјузиклот Почни да навиваш (Start Cheering), снимен во 1937 година, и добил одлични критики. Оттогаш речиси секогаш се појавувал во силни споредни улоги.
Дуранте глумел во Мелоди Ранч (1940), Човекот кој дојде на вечера (1942 година, The Man Who Came to Dinner ), Зигфелд Фоли (1945), Џамбо од Били Роуз (1962, базиран на мјузиклот од 1935 година), и Тој луд, луд, луд, луд свет (It's a Mad, Mad, Mad, Mad World) (1963).
Радио
уредиНа 10 септември 1933 година, Џими Дуранте се појавил во радио шоуто на Еди Кантор на NBC под наслов The Chase and Sanborn Hour.
Во 1943 година Дуранте заедно со Гери Мур го почнале шоуто Дуранте-Мур. Неговата публика значително се зголемила.Мур го напуштил шоуто кон средината на 1947 година, а од 1 октомври 1947 година Дуранте сам го продолжил под наслов Шоуто на Џими Дуранте. Шоуто траело уште три години.
Џими Дуранте починал од пневмонија во Санта Моника, Калифорнија, на 29 јануари 1980 година, 12 дена пред да наполни 87 години. Погребан е во Калвер Сити, Калифорнија.[7]
Дискографија
уреди- 1959: At the Piano – In Person
- 1963: September Song
- 1964: Hello Young Lovers
- 1964: Jimmy Durante's Way of Life...
- 1966: One of Those Songs
- 1967: Songs for Sunday
Наводи
уреди- ↑ Bakish, David (2007). Jimmy Durante: His Show Business Career, with an Annotated Filmography and Discography. McFarland. ISBN 978-0786430222 – преку Google Books.
- ↑ Fowler Schnozzola: The Story of Jimmy Durante Viking Press, 1951
- ↑ Bakish, David Jimmy Durante: His Show Business Career, with an Annotated Filmography and Discography McFarland & Co., ISBN 978-0899509686
- ↑ Vincenzo (October 24, 2009). „The Actors' Chapel“. Sancte Pater. Посетено на May 10, 2012.
- ↑ „Jimmy Durante (1893–1980)“. Red Hot Jazz Archive. February 5, 2021. Посетено на 10 February 2021.
- ↑ „Track Search: Inka Dinka Doo“. AllMusic. Архивирано од изворникот на August 8, 2011. Посетено на May 10, 2012.
- ↑ "Durante Family and Friends attend Funeral Rite", The New York Times, April 2, 1980, p. 13.
Надворешни врски
уреди- Џими Дуранте на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Џими Дуранте — AllMovie (англиски)
- Jerry Haendiges Vintage Radio Logs: The Jimmy Durante Show (1933–50)
- Jerry Haendiges Vintage Radio Logs: The Jimmy Durante and Garry Moore Show (1943–47)
- Jimmy Durante on "Four Star Revue/All Star Revue" (1950–53) at Classic TV Info.
- Jimmy Durante on "The Colgate Comedy Hour" (1953–54) at Classic TV Info.
- Jimmy Durante on "Texaco Star Theater" (1954–56) at Classic TV Info.
- Biography with list of credits
- Jimmy Durante and Eddie Cantor (1947)
- Command Performance (March 15, 1945)
- Red Hot Jazz Archive: Jimmy Durante
- Literature on Jimmy Durante
- Archival Television Audio on Jimmy Durante