Џилијан Конди, родена на 5 декември 1952 година во Најроби. Таа е јужноафрикански ботанички уметник. Има илустрирано повеќе од 200 плочи за Цветни растенија во Африка, а има придонесено и за разни други публикации на Јужноафриканскиот Национален ботанички институт и осум плочи за Ботаничкото списание на Кертис. Таа има илустрирано две книги од Чарлс Креиб, Геофитски пеларгониуми (2001) и Грас алое во јужноафриканскиот велд (2005). Таа, исто така, придонела за биографскиот дел во книгата Јужноафриканска ботаничка уметност: лупење на ливчињата (2001).

Џилијан Конди
Роден(а)5 декември 1952(1952-12-05)(71 г.)
ДржавјанствоНајроби
ОбразованиеМагистер на уметности, Кралскиот колеџ за уметности
НаградиЗлатен медал, Кралско хортикултурно друштво

Биографија

уреди

Конди е родена во Кенија, и била најмладата од трите ќерки на Томас Рој Конди и Филис Мери Поултон, а детството го поминала во Уганда каде се развила нејзината љубов кон Африка и нејзините растенија. Својата обука ја доби во Политехничкиот Мидлсекс во Лондон како илустратор за природна историја и се здоби со диплома за магистерски студии на Кралскиот колеџ за уметност за проектот насловен „Британски отровни растенија“.

Конди се вратила во Африка преку Музејот Футадикобо во Мочуди во Боцвана со Меѓународниот волонтерски сервис и поминала две години пред да се пресели во Лобаце. Во 1983 година таа станала резидентен ботанички уметник со Јужноафриканскиот национален ботанички институт во Преторија, пензионирајќи се во 2018 година. Таа ги задржала своите врски со Боцвана преку дизајнот на 13 комплети поштенски марки за таа земја од 1982 година.

Почести и награди

уреди

На Конди и биле доделени златни медали од Кралското хортикултурно друштво и во 1990 година и и била доделена наградата Џил Смитис од Линеанското друштво од Лондон. Во 1992 година ја добила наградата Билд Степ Дизајн на годината за Јастиви диви плодови од Бофутацвана и второ место во 1993 година за Акација Дрва. Нејзината работа била прикажана на меѓународно ниво на повеќе од 60 изложби. Таа исто така имала изложувано на 7-та меѓународна изложба за ботаничка уметност и илустрација, Институтот за ботаничка документација Хант во Питсбург, САД. Во 2000 година, таа била наградена со златен медал на инаугуративната изложба за ботаничка уметност во Кирстенбош, по што следеше сребро во 2002 година и злато во 2004 година.

Во декември 2001 година таа била наградена со медал Синтија Лети од Ботаничкото друштво на Јужна Африка. Во 2006 година таа дизајнирала сет од шест поштенски марки за Јужна Африка на кои се прикажани видовите Clivia.

Џилијан Конди е една од основачите на Здружението на ботанички уметници на Јужна Африка (БААСА). Таа води редовни курсеви за уметност за САНБИ и БААСА. Нејзините уметнички дела се наоѓаат во Синиот воз и во колекции низ светот.

Публикации

уреди
  • 2001 Геофитски пеларгониуми - со Чарлс Креиб (Umdaus Press)ISBN 1-919766-14-6
  • 2001 Јужноафриканска ботаничка уметност : лупење на ливчињата (Фернвуд прес)ISBN 1-874950-54-7
  • 2005 Тревни алое во јужноафриканското велд - со Чарлс Краиб (Umdaus Press)ISBN 1-919766-41-3

Надворешни врски

уреди