Џејн Нишида
Џејн Тошико Нишида (родена на 26 април 1955 година) ― адвокат и владин функционер од Соединетите Држави. Таа е главен заменик-помошник администратор во Кабинетот за меѓународни и племенски работи на Агенцијата за заштита на животната средина на Соединетите Држави.[1] Нишида служела како вршител на должноста администратор на Агенцијата за заштита на животната средина од 20 јануари 2021 година до 11 март 2021 година.[2]
Џејн Нишида | |
---|---|
Администратор на Агенцијата за заштита на животната средина | |
На должноста 20 јануари 2021 – 11 март 2021 | |
Претседател | Џо Бајден |
Претходник | Шарлот Бертранд (в.д.) |
Наследник | Мајкл Стенли Реган |
Лични податоци | |
Роден(а) | 26 април 1955 Бетесда (Мериленд), Мериленд, Соединети Држави |
Образование | Колеџ „Луис и Кларк“ (додипломец) Џорџтаунов универзитет (доктор) |
Ран живот и образование
уредиНишида е родена во Бетесда, Мериленд на 26 април 1955 година. Се стекнала со диплома за меѓународни односи од колеџот „Луис и Кларк“ во 1977 година и докторска диплома од Правниот центар на Џорџтауновиот универзитет во 1980 година.[3]
Кариера
уредиНишида била советник во Генералното собрание на Мериленд во периодот 1981–1984 година, а потоа работела во законодавната канцеларија на гувернерот до 1991 година. Таа тогаш била извршен директор на фондацијата Чесапик Беј во периодот 1991–1995 година. Нишида била секретар за животна средина на Мериленд од 27 март 1995 година до 26 април 2002 година.[3] Нишида тогаш станала виш специјалист за животна средина во Светската банка. Таа започнала да работи за ЕПА во 2011 година.[4]
Наводи
уреди- ↑ „About the Office of International and Tribal Affairs (OITA)“. U.S. Environmental Protection Agency (англиски). 29 јануари 2013. Посетено на 25 април 2021.
- ↑ „EPA Names Interim Office Heads During Biden Transition Time“. Bloomberg Law (англиски). Посетено на 25 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 „Jane T. Nishida, Maryland Secretary of the Environment“. msa.maryland.gov. Посетено на 25 април 2021.
- ↑ „Hearing on the nominations of Ann Dunkin to be Assistant Administrator, EPA Office of Environmental Information; Jane Nishida to be Assistant Administrator, EPA Office of International and Tribal Affairs; and Thomas Burke to be Assistant Administrator, EPA Office of Research And Development“. www.congress.gov. Посетено на 25 април 2021.Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
Надворешни врски
уредиПолитички функции | ||
---|---|---|
Претходник Шарлот Бертарнд в.д. |
Администратор на Агенција за животна средина в.д. 2021 |
Наследник Мајкл Стенли Реган |