Битолска тврдина
Битолската тврдина (наречена и Џепане, од тур. cephane, во слободен превод мунициија, односно барутана или арсенал[1]) претставува споменик на културата од прва категорија во Македонија[2]. Таа е изградена во 1876 година во форма на крст со вградени четири уникатни објекти од делкан камен. Објектот е сместен во битолската касарна. Објектот, кој е врвно архитектонско остварување на смилевските мајстори, кои иако по нарачка на валијата го изградиле во форма на крст, е место за културни настани и туристичка атракција. Во минатото Џепането ретко кој го посетил со оглед на тоа дека во времето на ЈНА бил магацин за оружје и се чувал како воена тајна, заштитен со стражарници, бодликави жици и замандалени челични порти, но денес со затворањето на касарната и давање на општината во владение, објектот е отворен за посети и за поголеми инвестирања.
Легенда
уредиСпоред истражувањето на битолскиот археолог Стевче Тодоровски, тврдината ги крие тајните симболи на смилевските мајстори. Објектот бил граден во време на битолскиот валија Ќоса Ахмет Зеки-паша, кој им понудил пари на мајсторите кога ја доградиле барутаната. Но, тие одговориле: „...преплатено е валија, за света работа пари не земаме“. Валијата не сфатил што кажуваат, но подоцна неговиот писар му покажал дека од спротивниот објект се гледа одлично изѕидан христијански крст формиран од обиколните ѕидови и згради. Дури и во ѕидот на еден од објектите мајсторите на камен изделкале крст, косо поставен за да не паѓа веднаш в очи.[2]
Наводи
уреди- ↑ „џепане“. Дигитален речник на македонски јазик. Посетено на 2011-04-09.
- ↑ 2,0 2,1 Здравковска, Жанета (4 април 2011, 12:48). „Битолската тврдина ќе стане споменик од прва категорија“. Дневник. Посетено на 2011-04-09. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Битолската касарна ја откри тајната Архивирано на 4 август 2020 г.
- Што ќе се гради на патот Вија Егнација[мртва врска]
Оваа статија поврзана со Битола е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |