Џелато (италијански: gelato) — италијански збор за сладолед кој потекнува од латинскиот збор „gelātus“, што значи замрзнато. Џелато се прави со млеко, слатка павлака, различни видови на шеќери и ароми како што се свежото овошје и оревово пире.[1]

Џелато
gelato
Џелато со два бисквита во облик на кули
Видсладолед
Место на потеклоИталија
Температура на послужувањестудено
Главни состојкимлеко, шеќер, ароми (на пр. овошје)

Во англискиот јазик, џелато е дефиниран како мек сладолед кој содржи многу малку или скоро не содржи воздух.[2] Повеќе значајноста на зборот во Соединетите држави произлегува од фактот дека нема поставено посебен израз за џелато од страна на Министерсвото за земјоделство во Соединетите држави, како што е изразот за сладолед.[3]

Додека поимот сладолед е дефиниран од стана на Сојузниот закон според неговите состојки, кои вклучуваат масно млеко од 10%( или маст од путер) или повеќе, џелато во САД опфаќа голем број на производи вклучувајќи ги и замрзнатите десерти кои се јадат како сладолед, производи кои се идентични на сладолед со исклучок на мрсните состојки, како и врвните сладоледи кои содржат многу мрснотија, дури повеќе од минимумот поставен во Италија. Зависно од рецептот и од личноста која го прави, млечниот џелато содржи од 16-24% шеќер. Поголемиот дел од сладолед во САД содржи од 12-16% шеќер. Количината на шеќер во домашно направениот џелато, исто како во традиционален сладолед, е балансиран со количината на вода која дејствува како антифриз за да се спречи замрзнување на течноста. Видовите на шеќер кои се користат се сахароза, гликоза и сирупен шеќер кој ја контролира блажината.

Вообичаено, џелатото-како и на секој друг вид на сладолед, потребна му е основна база. Жолчките од јајцата се употребуваат во жолто-заснованите вкусови, вклучувајќи го и zabaione и creme caramel, како и безмасното млеко се додава понекогаш за да ја стабилизира базата. Скроб и желе, особено пченичен скроб, се употребуваат понекогаш за да се истенчи и стабилизира мешавината.

По закон, џелато во Италија мора да содржи барем најмалку 3,5% маст од путер, без запазување на границата поставена.

Историја

уреди

Историјата на џелато датира уште од многу одамна од стариот Рим и Египет кога служеле замрзнати десерти направени од снег и лед донесен од врвовите на планините кој го чувале подземјата. Подоцна, замрзнатите десерти почнале да се појавуваат на банкетите на фамилијата Медичи од Фиренца. Всушност, Бернардо Буонталенти, архитект од Фиренца, се мисли дека го измислис модерниот сладолед во 1565 година кога и ги претставил својот рецепт и своите иновативни техники за замрзнување на Катерин де Медичи. За возврат, таа ја однесе оаа новост во Франција, каде што во 1686 сицилијанскиот рибар Франческо Прокопио деи Колтели ја усоврши првата машина за правење сладолед.[4]

Сепак, популарноста на џелато помеѓу луѓето се зголемила во 1920те и 1930те во италијанскиот град Варесе, каде што првата приколка за џелато била создадена. Италија е единствената земја во која уделот на пазарот на домашно направениот џелато наспроти идустрискиот, е преку 55%.[5][6] Во моментов, преку 5 000 италијански џелатерии(gelaterie), или продавници за џелато низ светот опфаќаат повеќе од 15 000 gelatai или продавачи на џелато.</ref> Надвор од Италија, голем број на gelaterie можат да се сретнат во Обеидентото Кралство, Франција, Германија и северна Европа.

Производство

уреди
 
Џелато во Фиренца, Италија

Правењето на џелато е слично со правењето на сладолед. Мешавината која се користи за џелато, вообичаено се подготвува најпрво со жешка процедура каде што шеќерот мора да се растопи. Белата база се загрева на 85 степени Целзиусови со крајна програма за пастеризирање. Топлиот процес за правење на џелато е ист како и за вообичаениот сладолед, и зависно од рецептите, традиционално треба да се стави арома од кокосов прав и кокосов путер.

Поврзано

уреди
  • Страчатела
  • Frozen custard, замрзнат десерт направен од слатка павлака и јајца
  • Италијански мраз, замрзнат десерт направен од концентиран арома сируп или пире од овошје
  • Сладолед
  • Семифредо/Semifreddo, вид на полузамрзнати десерти
  • Sorbet
  • Spaghettieis, германски вид на замрзнат десерт кој е направен да изгледа како да е порција шпагети, понекогаш дури направен со џелато
  • Granita, полузамрнат десерт направен од шеќер, вода и разни вкусови и ароми
  • Замрзнат јогурт, замрнат млечен производ

Наводи

уреди
  1. „What Is Gelato?“. wiseGeek. Посетено на 16 мај 2012.
  2. „Gelato - Definition and More from the Free Merriam-Webster Dictionary“. Merriam-webster.com. Посетено на 2012-09-10.
  3. „CFR - Code of Federal Regulations Title 21“. Accessdata.fda.gov. Посетено на 2012-09-10.
  4. Storia del gelato. Interfred.it. Посетено на 2012-07-06.
  5. See italiangelato.info
  6. See gelatoartigianale.it

Надворешни врски

уреди