Џек Лондон (езеро)

Езерото Џек Лондон (руски: Озеро Джека Лондона) е со површина од 14,5 км2. Тоа е планинско езеро сместено во округот Јагоднински во областа Магадан, Русија.[1]

Езеро Џек Лондон
Локација

Името го добило во 1932 година по американскиот автор, новинар и социјалистички активист Џек Лондон. Името му го дал рускиот геолог П. Скорнјаков, по желба на Јури Билибин, шеф на првата геолошка експедиција во Колима, кој имал идеја да именува една од неименуваните географски локации на Далечниот североисток по писателот.[2]

Географија

уреди

Езерото лежи на надморска височина од 803 метри меѓу планинскиот венец Ангачак (руски: Ангачак) на запад и Уаза-Ина на исток, на горниот тек од сливот на реката Колима. Од него извира Кијуел-Сиен, притока на реката Колима.[3]

 
Поглед на езерото Џек Лондон

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Ilya Kovyakin. „How to get to Jack London Lake & Lake of Dancing Graylings in Magadan Oblast?“. askmagadan.com. Архивирано од изворникот на 3 April 2016. Посетено на 26 Feb 2013.
  2. 100 anniversary of the birth of Peter Skornyakov, geologist, and member of the Second Kolyma exploration expedition led by Yuri Bilibin
  3. Russian State Water Register - Озеро Джека Лондона (Студеное) (руски)