Џез пејачот

(Пренасочено од Џез пеачот)

Џез пејачот е американски игран филм од 1927 год. со Ал Џолсон во главната улога. Џез пејачот е првиот звучен филм во историјата на играниот филм, иако Ал Џолсон има само две реплики за цело времетраење на продукцијата. Според оригиналната замисла на режисерот Алан Кросленд, единствено музичката подлога на сцените требало да се наоѓа во саундтракот, така што Џез пејачот практично би бил нем филм, но за несреќа на монтажерите Џолсон ја импровизирал познатата реченица: „Не сте слушнале ништо!“